Искрена исповед на мајка: „Тешко ми е летниот период со бебе, кога не можам да излезам надвор“

Кои се вашите размислувања? Дали сметате дека повеќето мајки се соочуваат со ова, но немаат храброст отворено да признаат, за да не бидат погрешно сфатени?

iskrena-ispoved-na-edna-majka-teshko-mi-e-letniot-period-so-bebe-koga-ne-mozham-da-izlezam-nadvor-01.jpg

Секое дете е уникатно и незаменливо богатство. Но, додека се новороденчиња, таа фаза за мајката може да биде навистина тешка, особено ако поголем дел од времето го поминува сама со своето бебе.

Ваквите мајки носат со себе голем товар, а притоа се „ограничени“ со своето слободно време, што дополнително ја отежнува ситуацијата.

Моментите кога треба да излезете, а бебето треба да спие, кога не смеете да го изнесувате надвор на сонце, кога временските услови ве попречуваат да излезете од својот дом.

А во летните, долги денови, кои многумина ги очекуваат за да уживаат, мајките со новороденчиња мора да ги изменат своите желби.

Емили, мајка на мало бебе, искрено зборува за тоа како е да се има бебе за време на жешките летни денови.

Таа вели дека иако има многу убави работи овој период во нејзиниот живот, сепак, моментално се „бори“ со летниот период, па не крие дека ѝ е тешко.

Мајката споделува дека чувствува како да пропушта некои работи, зашто со мало бебе не можат да бидат цел ден на плажа, базен и да лежат надвор.

Емили знае дека тоа е период во нејзиниот живот, но, во моментот, за неа работите се тешки.

„Знам дека следното лето ќе изгледа поинаку. Ќе имам едногодишно дете кое ќе трча наоколу и ќе прави многу повеќе работи.

Сакам само да ви кажам дека ако и вие се чувствувате тешко и ’заглавени‘ ова лето со бебе, без разлика колку го сакате, знам дека е тешко бидејќи ништо не е како минатата година“, заклучи таа.

@takeaminutemama

Can anybody else relate? Yes, we still get out and do plenty but it’s just different and changes hard. I think anybody can understand that. #momsoftiktok #junepregnancy #summerbaby #momofthree #babynumber3 #relatablemom

♬ original sound - emily 🎅🏽🎄✨

Откако видеото на Емили стана познато на ТикТок, неколку корисници се согласија дека летото со бебиња може да биде вистински предизвик.

„ДА! Се чувствувам многу лошо за моето 2-годишно дете затоа што не можеме да излеземе надвор со новороденчето, додека тато не се врати дома…“

„Летните бебиња НЕ се она што мислев дека ќе бидат“, е уште еден од коментарите.

Има и такви кои ѝ коментирале да излезе едноставно и да ужива.

Сепак, некои фази се потешки од другите, а да се има доенче во лето не е супер идеално…

Секако дека бебето и неговите потреби се приоритет, но не треба да се крие дека мајките се соочуваат со многу промени, предизвици, потиснати желби и планови.

Кои се вашите размислувања? Дали сметате дека повеќето мајки се соочуваат со ова, но немаат храброст отворено да признаат, за да не бидат погрешно сфатени?

М. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје Да се шета со количка за бебе низ улиците на Скопје е вистински предизвик - од т...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Родителите ме тепаа и немам трауми“ – Грешките на родителите што несвесно ги пренесуваме врз децата Колкупати ви се случило да слушнете некој израз што го кажуваат вашите деца и да...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg