Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Читав многу љубовни романи и очекував од сопругот да биде принц на бел коњ – како ќе си го уништев животот?

Почина татко ми, ми се разболе детето, лек од сите животни фрустрации пронајдов во љубовните романи, но читањето ми стана опсесија, читав и по 300 страници на ден, а од сопругот очекував да биде принц на бел коњ... Како оваа опсесивна зависност почна да ми го уништува животот?

chitav-mnogu-ljubovni-romani-i-ochekuvav-od-soprugot-da-bide-princ-na-bel-konj-kako-kje-si-go-unishtev-zhivotot-01.jpg

2020 година, ковид пандемија, локдаун, општ хаос, страв од непознатото... И во еден таков период, за жал, изгубив родител.

Искрено, премногу тешко ја поднесов загубата, се изгубив во време и простор. Јас - жената која секогаш ги држеше конците во свои раце и беше потпора на сите, одеднаш станав како неполиено растение.

Во истиот период ми се разболува детето и таа сага трае цел месец, во кој јас комплетно се губам, за жал.

Се појавува мајка ми на врата со роман во рака и ми вели: „Ајде малку одмори го мозокот од стресови, мислам дека романчево ќе ти помогне, преоптоварена си.“

Така почна мојата речиси некотролирана пасија кон читањето.

Страница по страница, не можев да престанам да читам.

Љубовните романи се лесни, но те држат заробен во нивниот свет. Се соживував со секој лик и секоја случка што ја читав. Едвај чекав да се вратам од работа, за да продолжам каде што сум застанала.

Ручек, малку гушкање со децата и веднаш „се паркирав“ на фотелја со кафето за да читам. Минимум два до три часа бев посветена само на книгите, си замислував што би било кога мене би ми се случувало тоа, на моменти посакував да можев да живеам друг живот, само да го почувствувам тој адреналин, возбуда и страст која авторите на романите толку вешто ја доловуваа преку пишан збор.

chitav-mnogu-ljubovni-romani-i-ochekuvav-od-soprugot-da-bide-princ-na-bel-konj-kako-kje-si-go-unishtev-zhivotot-02.jpg

Еротски сцени опишани до најситен детаљ, љубовна приказна со подеми и падови, интересни заплети речиси од сите автори од кои читав романи, едноставно се изгубив во тој свет.

Одев во локалната библиотека за секои 5-6 дена за да земам нови книги и читав во просек 300 страници дневно.

Почнав дури и во секојдневието да применувам делови од книгите кои ги читав, сексуалниот живот со сопругот драстично ни се подобри (искрено, и тој самиот беше малку затечен од ова), а немав храброст да му кажам на што се должи моето силно либидо.

chitav-mnogu-ljubovni-romani-i-ochekuvav-od-soprugot-da-bide-princ-na-bel-konj-kako-kje-si-go-unishtev-zhivotot-03.jpg

Овој период на манијачко читање си повлече последици, почнав да се соочувам со реакции и коментари од сопругот и синовите, па дури и од мајка ми.

Јас читањето го сфатив како бегство од реалноста, посветување време за себе, кога со кафе можам да седнам и да си читам, но очигледно семејството страдаше, поради мојата неспособност да ги дозирам нештата.

Сите се чувствуваа запоставени и игнорирани од мене. Веројатно така и беше.

Можеби најголемата последица беше фактот што кај мене се појави фрустрација, односно почнав во секојдневниот живот да ги барам нештата кои ги читав, потајно барав од сопругот да биде екстремно нежен и посветен, романтичен и љубезен, сè што тој не е после 12 години брак.

chitav-mnogu-ljubovni-romani-i-ochekuvav-od-soprugot-da-bide-princ-na-bel-konj-kako-kje-si-go-unishtev-zhivotot-04.jpg

Се враќаше од работа уморен, незадоволен, кавги на дневно ниво околу децата, пари и што уште не. Дефинитивно животот не ми е љубовен роман.

Конечно се охрабрив да го споделам ова откако престанав да се движам кај рафтовите со љубовни романи и верувајте ми посреќна сум.

Живеам реален живот, со реални предизвици, принцот на бел коњ во мојот живот е сосема нормален лик - мојот сопруг, со сите свои маани и добри страни, но пред сè е вистински и е секогаш тука за мене, заедно да се соочуваме со секојдневието, нашата иднина и иднината на нашите деца.  

 

Кара | Црнобело / фото: freepik.com 

Би можело да ве интересира:

„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
„Јас сум една од најлошите баби - зошто сум строга со внуците?“ „Знам да бидам дури злобна на моменти со внуците и луѓето ми велат дека сум прес...
„Јас сум мајка која зјапа во телефон во паркот, додека нејзините деца си играат“ Јас сум, исто така, мајка која е со своите деца по цел ден. И мајка која се труд...
„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg