Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Во скопска населба налетав на мајка што избрка дете од лулашки, бидејќи нејзиното проодувало – стоп за „алфа мајки“

Сигурно секој од нас барем еднаш во животот се соочил со некоја Алфа мајка во населба, чие дете е најдобро, најубаво, најпаметно, најкултурно и сè нај нај нај, а другите деца не чинат.

ne-na-dominantnite-majki-vo-maalo-01.png

За жал бев сведок на една ситуација во Скопје, која малку недостасуваше да прерасне во физичка пресметка.

На игралиште во нашата населба, мало дете (отприлика 6-7 години) вика по мајка му да дојде кај лулашките, зашто  било избркано од мајка на друго дете.

Мајката се појавува видно вознемирена и прашува која е таа жена што брка деца од лулашки.

Тогаш се исправи Алфа мајкава, со највулгарни зборови, објаснувајќи дека децата се бркале и нејзиното не можело да проодува, па уште и се силеше дека ќе ја кубе другата мајка.

Се појавија и други луѓе кои се обидоа да ја вразумат, дека не е во ред тоа што го прави, а воедно не ѝ било ни првпат. Речникот кој го употреби беше во најмала рака уличарски, гестикулациите неартикулирани, односот под секое ниво.

Гледам, фаќам сеир и се чудам.

Аман жено, проодуваш бебе на лулашки, со 30 деца околу и притоа ти пречат. Игралиштата се за децата, таму растат, таму се социјализираат.

Во модерново време кога родителите едвај успеваат да ги тргнат децата од телефони, компјутери и таблети, најголемо задоволство е да видите дека деца од сите возрасти играат друштвени игри на отворено.

Замислете мајка, која не поднесува деца, ако не се нејзините. Не ми се веруваше. Дури и односот кон сопругот ѝ беше со доза на надреденост. Кутар и тој, којзнае како му е дома.

Затоа, поздрав до сите Алфа мајки, манијаци за контрола - оставете ги и вашите и сите други деца да бидат деца, да растат безгрижно, да играат и да се дружат, правото на игра им е загарантирано како и секое друго основно право, не ги принудувајте да се плашат да излезат и да бидат свои.

Дома не ви дошле да ви прават хаос, надвор се, на игралиште кое е идеално за нив и апсолутно немате право да ги навредувате и бркате!

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

  Кара | фото: freepik.com 

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
Писмо од вашето дете до вас: „Мамо, не брзај да ме направиш возрасен, дозволи ми да бидам дете“ Мамо, покажи ми дека секогаш можам да зборувам со тебе. И кога ќе пораснам, ќе м...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg