Направете сами: 7 забавни (и едукативни) експерименти што можете да ги пробате со вашите деца
„Наредени“ течности, меур во форма на коцка, виножито во млеко – постојат многу експерименти за деца кои се и забавни, и едукативни. Ви нудиме неколку експерименти со детална постапка - пробајте ги со нив и ќе се чувствуваат како мали генијалници и научници.
Некои едноставни експерименти и трикови се одличен начин да ја разбудите љубопитноста кај вашето дете.
Истовремено, тие се и одлична можност вашето дете да научи нешто ново, како појавата на статички електрицитет или различната густина на разните течности.
Во продолжение неколку забавни трикови и експерименти кои ќе бидат одлична разонода за вашето дете:
Меур во форма на коцка
Потребни материјали:
- Сламки
- Стапчиња за ражничи
- Поголем сад
- Средство за садови
Најпрво треба да направите коцка со сламките и стапчињата за ражничи.
Потоа измешајте вода и средство за садови во големиот сад, натопете ги сите страни од коцката со водата со сапуница, и вашиот меур е готов.
Целата постапка можете да ја погледнете во видеото:
Трик со статички електрицитет
Потребни материјали:
- Ткаенина од волна
- Сад за храна од стиропор
Пресечете го садот за храна на два дела и едниот дел протријте го со волнената ткаенина. Поради статичкиот електрицитет, двата дела ќе се спојат кога ќе ги доближите еден до друг.
Забавен ефект со камера
Потребни материјали:
- Смартфон
- Селотејп
- Розов и жолт маркер или фломастер
Залепете парче селотејп на камерата од смартфонот. Обојте го селотејпот прво со розовиот, а потоа со жолтиот маркер и ќе добиете забавен ефект на камерата.
„Наредени“ течности
Потребни материјали:
- Мед
- Средство за садови
- Вода
- Алкохолен пијалак во боја како виски
- Масло за готвење
- Инка
- Стаклено шише
Поради различната густина, кога ќе ги ставите течностите во шишето една по една ќе изгледаат како да се наредени една врз друга.
Потрудете се да ставите приближно иста количина од секоја состојка и ставајте ги една по една редоследно - мед, средство за садови, вода, алкохол, масло - со помош на инка.
Шарен дожд
Потребни материјали:
- Чаша масло
- Чаша вода (поголема од онаа за масло)
- Стапче за матење
- Бои (можете да употребите бои за храна)
Во чашата со масло ставете по 2-3 капки од неколку различни бои и измешајте со стапчето. Потоа истурете го маслото во водата и по некое време боите ќе почнат да течат надолу како шарен дожд.
Погледнете ја постапката во видеото:
Експеримент со магнети и монети
Потребни материјали:
- 5 лименки со иста големина
- Магнет
- Дрвен линијар или мала дрвена даска
- 4-5 монети
Врз две лименки поставени во иста линија ставете втора лименка одгоре, па двата пара лименки поврзете ги така што врз нив ќе го ставите дрвениот линијар – како мост.
Во средината на линијарот ставете го магнетот, а веднаш под него петтата лименка и внимателно наредете ги монетите една врз друга како на фотографиите.
Поради магнетот, монетите ќе стојат исправено и ќе можете и да ги вртите.
Постапката е објаснета и во видеото во продолжение (по 44-та секунда):
Шарено млеко
Потребни материјали:
- Малку млеко
- Кружен послужавник (или кружна тава за печење)
- Бои за храна со неколку нијанси
- Топче памук
Истурете го млекото во послужавникот, колку да го покрие дното. Во млекото ставете неколку капки од боите за храна, па во средината ставете го топчето памук.
Спирова С. | Црнобело