Како да одберете квалитетна детска облека која ќе трае цела школска година?
Квалитетните обувки се особено важни за децата во развој, па за нив вреди да дадете повеќе пари.
Со новата учебна година доаѓа и купувањето нова облека. А, не може секој родител да си дозволи постојано да купува нови работи.
Што значи, важно е да купите квалитетни парчиња кои ќе издржат цела година.
Неколку совети што ќе ви бидат од корист:
Обрнете внимание на квалитетот на обувките
Иако детето брзо ќе ги надрасне, секогаш вреди да вложите пари во квалитетни патики.
Во период кога детето уште расте, неопходно е да има правилна потпора на стапалата.
А, и квалитетните патики сигурно ќе му траат цела година и нема да ги искине.
Избегнувајте тесни панталони
Кога првпат тргнуваат во училиште, децата треба да научат да седат во исто место повеќе од половина час, но и да се привикнат на новата средина.
Па, важно е облеката да им биде удобна.
Затоа, избегнувајте да им купувате тесни панталони.
Бојата на јакната е важна
Кога купувате детска јакна, секогаш е подобро да биде во дречлива боја.
Во зима, кога се стемнува порано, многу е побезбедно детето да биде видливо ако треба само да си доаѓа дома.
Исто така, најдобро е да купите водоотпорна јакна со патент.
Обрнете внимание на материјалот на блузите
За детето купувајте памучна облека која нема да му ја иритира кожата, а и која ќе трае подолго.
Избегнувајте синтетички материјали, како и материјали кои лесно се туткаат за да не мора да пеглате постојано.