7 најчести грешки кои ги прават родителите дури и без да забележат
Дури и да ви делуваат смешни детските проблеми, во нивната глава тие се огромни и страшни - затоа бидете сериозни и однесувајте се со детето како тоа што ви го кажува да е најважната и најсериозна работа на светот.
Да се биде родител не е едноставно, а воспитувањето на децата не е нималку лесна работа, особено кога станува збор за првото дете, па немате нималку искуство, и од ден на ден се среќавате со нови предизвици.
Секој родител греши, и тоа е во ред, сè додека од грешките се научи нешто и се подобрат во иднина.
Во продолжение прочитајте ги седумте грешки кои ги прават родителите дури и без да забележат.
Дали и вие сте направиле некоја од нив?
Детето треба да ги почитува подеднакво и момчињата и девојчињата
Учете го да биде подеднакво добро со двата пола, да покаже разбирање, емпатија, почит и кон машките и кон женските другарчиња.
Ако постојано ги препрашувате за нивните проблеми, може само да ги направите работи полоши
Наместо тоа, свртете го фокусот кон нивните пријатели, прашајте за нивните проблеми, па во тој случај е поверојатно дека вашето дете ќе ви се отвори за работите што го мачат.
Не ги кажувајте тајните од своето дете на пријателките
Ако детето дознае дека сте откриеле нешто што ви кажало во доверба, веќе никогаш нема да се отвори пред вас.
Ако работите нешто друго додека детето ви кажува нешто важно, ќе направи да се почувствува неубаво
Наместо тоа, запрете со работата на неколку минути и посветете му го целото свое внимание на своето дете.
Не ги сфаќате сериозно проблемите на детето
Дури и да ви делува смешно тоа што го слушате, во главата на детето тие проблеми се огромни и страшни - затоа бидете сериозни и придајте му значење како тоа да е најважната работа на светот.
Прашувајте како си поминале тие на училиште наместо да им раскажувате за својот ден
Направете да се чувствуваат вредно, сакано, да знаат дека тоа што го правеле е важно и дека ве интересира.
Не претерувајте со пофалбите
Дајте му на детето до знаење дека направило нешто добро, но не ги преувеличувајте работите, зашто нереалните пофалби може да имаат контраефект.
А. Ј. | Црнобело