Како да одберете квалитетна детска облека која ќе трае цела школска година?
Внимателно проверете ги џемперите пред да ги купите
Факт е дека децата не обрнуваат многу внимание на тоа дали ќе ја оштетат облеката, па важно е да купите квалитетни парчиња.
Кога купувате џемпери, осигурете се дека немаат испуштени кончиња – во спротивно, џемперот брзо ќе се скине.
Исто така, малку растегнете го џемперот. Ако се врати во првобитната положба, тоа значи дека е квалитетен и детето нема да го растегне со две носења.
Најдобро купувајте еднобојни блузи и блузони
Покрај тоа што полесно ќе се комбинираат, еднобојните блузи и блузони подолго ќе изгледаат нови.
Со перењето дел од бојата ќе избледне, а кога има многу бои, ова е поочигледно.
Избегнувајте памучна облека за физичко
Иако памукот е најудобен, тој задржува влага.
Ова значи дека кога детето ќе се испоти, нема да може да се исуши брзо во памучна облека.
Затоа, во овој случај, дајте ѝ предност на облеката од синтетички материјали, како полиестер.
Обрнете внимание на прерамките на ранецот
Прерамките на ранецот треба да се квалитетно изработени и да не бидат многу тенки, за правилно да ја распоредат тежината.
Секако, важно е да можат да се продолжуваат и скратуваат за детето да може да ги приспособи.
Немојте да купувате чанти со една прерамка бидејќи можат да му предизвикаат проблеми со грбот на детето.
Спирова С. | Црнобело