Тренди или проблематично: Детски соби, играчки и облека за деца во неутрални бои

Многу мајки се согласуваат дека овој тренд е досаден, па дури и опасен, зашто сепак на бебињата им требаат бои и контрасти. Дали трендот за играчки и детска облека во неутрална, најчесто беж боја е навистина проблематичен и има лошо влијание врз детскиот развој?

oblekuvanje-na-bebeto-vo-neutralni-nijansi-i-kupuvanje-igrachki-vo-neutralni-boi-dosaden-ili-interesen-trend-na-socijalnite-mrezhi-01.jpg

Кога станува збор за дизајнирањето на домот, убавината и модата, трендовите постојано се менуваат.

Во последниве неколку години сме сведоци на трендот каде што мајките ги заменуваат впечатливите бои за бебиња со придушени, неутрални тонови како беж или крем и во такви нијанси ги избираат бебешката облека и играчки, а ја уредуваат и детската соба.

Порастот на популарноста на овој тренд најверојатно се должи на влијанието на социјалните мрежи, особено од виралните видеа објавени на ТикТок.

Ваквите видеа предизвикаа многу дебата помеѓу корисниците на социјалните мрежи за тоа какви бои и естетика се најдобри за бебињата и децата, односно за нивниот развој.

oblekuvanje-na-bebeto-vo-neutralni-nijansi-i-kupuvanje-igrachki-vo-neutralni-boi-dosaden-ili-interesen-trend-na-socijalnite-mrezhi-02.jpg

Дали на бебињата им требаат „стимулативни бои“ за развој на мозокот?

„Стимулативните бои навистина помагаат мозокот на бебето да се развие, а помагаат и во нивното учење“, вели педијатарот Харви Карп.

oblekuvanje-na-bebeto-vo-neutralni-nijansi-i-kupuvanje-igrachki-vo-neutralni-boi-dosaden-ili-interesen-trend-na-socijalnite-mrezhi-03.jpg

„Изложеноста на бои и дезени со висок контраст му помага на вашето малечко да се фокусира и да го зајакне неговиот вид, што го зајакнува развојот на мозокот.

Размислете вака: кога на вашето бебе му давате играчки и книги кои имаат бои и контрасти кои може релативно јасно да ги видат, тоа има повеќе можности да учи и истражува“, објаснува тој.

Сепак, претпочитањето на бои со висок контраст не значи дека треба да се избегнуваат неутрални тонови во облеката или играчките.

Напротив, овие „здодевни“ бои исто така се важни за развојот на мозокот на бебето, бидејќи тие му го нудат потребниот одмор.

Треба да се има предвид и дека психички е исцрпувачки за бебињата постојано да се изложени на висока стимулација со звуци или бои.

Имањето периоди на ниска стимулација може да им даде на бебињата време да се одморат за возбудата која ќе им дојде подоцна во денот.

oblekuvanje-na-bebeto-vo-neutralni-nijansi-i-kupuvanje-igrachki-vo-neutralni-boi-dosaden-ili-interesen-trend-na-socijalnite-mrezhi-04.jpg

Дали ова е тренд кој изгледа досадно?

Родителите кои избираат да го следат овој тренд на „беж родителство“, најверојатно во соба ги немаат Paw Patrol ликовите или оние од Frozen.

Нивните игротеки не се преполни со лего коцки обоени во светли бои, туку наместо тоа, децата си играат со дрвени коцки и гушкаат кадифени животни во неутрална боја.

Многу мајки се согласуваат дека овој тренд е досаден, зашто сепак на бебињата им требаат бои и контрасти. Собата која е во неутрални тонови, создава монотонија, а облекувањето на децата во такви бои на многу мајки им е непривлечно и досадно.

oblekuvanje-na-bebeto-vo-neutralni-nijansi-i-kupuvanje-igrachki-vo-neutralni-boi-dosaden-ili-interesen-trend-na-socijalnite-mrezhi-05.jpeg

Каков став имаат оние кои го преферираат овој стил?

Секако, мислењата околу овој тренд се поделени. Спротивно на оние кои на овој стил гледаат како на досаден, постојат и такви на кои им се допаѓа и уживаат во него.

Мајките кои гласале „за“ овој тренд, велат дека неутралната облека и декорот на собата се погодни за нивните деца, без разлика дали се момчиња или девојчиња.

Исто така, како друга причина тие наведуваат дека неутралните бои ги смируваат родителите среде детскиот хаос, а и дека природните и органските производи честопати се во нијанси на беж, при што изборот им паѓа токму на нив.

oblekuvanje-na-bebeto-vo-neutralni-nijansi-i-kupuvanje-igrachki-vo-neutralni-boi-dosaden-ili-interesen-trend-na-socijalnite-mrezhi-06.jpg

Неутралните нијанси не се секогаш лоши

Без разлика дали ќе изберете да ја декорирате детската соба во придушени беж бои или во бои со висок контраст, наоѓањето рамнотежа и нудењето разновидност, секогаш е најдобриот избор.

Децата треба да бидат изложени на урамнотежени бои. Одлично е да се игра со беж или неутрални играчки… сè додека има и некои светли со висок контраст помеѓу нив.

На крај, важно е да израснеме среќни и здрави деца, секој родител го избира она што смета дека е најдобро за неговото малечко, а на нас останува да го почитуваме туѓиот избор и да не се осудуваме меѓусебно.

oblekuvanje-na-bebeto-vo-neutralni-nijansi-i-kupuvanje-igrachki-vo-neutralni-boi-dosaden-ili-interesen-trend-na-socijalnite-mrezhi-07.jpg

М. Ѓ | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Мајка на 6 деца ја разбранува јавноста: „Им дозволувам да се тушираат само двапати неделно, нема пот... „Денови за туширање се само недела и среда. Ако некој навистина мора да се истуш...
„Мајка ми не трчаше на лекар за секоја ситница, не ѝ паѓаше на памет да ме штити од наставниците“: Р... „Нашите мајки не се плашеа толку за нас. Денес - дои го детето до трето одделени...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg