„Свекрвата ни плати за хотел, но сака да спие во истата соба со мене и сопругот – тој ја поканил“
„Бев многу благодарна што свекрвата понуди да ни ја плати хотелската соба за патувањето. Но, сопругот ја поканил и неа, па сега планира сите тројца да спиеме во иста соба. Дали е во ред ако платам за уште една соба?“
Во секој однос се потребни граници, дури и со најблиските.
Ова може да биде особено истакнато меѓу снаи и свекрви, за што, пак, има и многу шеги.
Но, точно е дека некогаш свекрвите иако го мислат најдоброто, знаат да преминат некоја граница. Секако, истото важи и за снаите.
Корисничка на Редит се нашла во незгодна ситуација со нејзината свекрва, па решила да ја сподели својата дилема со форумџиите.
Таа вели дека свекрвата се понудила да им плати хотелска соба со сопругот, но сега е во план да оди со нив и да спие во истата соба.
Нејзината исповед во продолжение:
„Со сопругот бевме во Јапонија на меден месец. Откако се вративме, бевме сигурни дека ќе одиме уште еднаш. Се договоривме да одиме годинава и да поминеме таму 10 дена, но прво да заштедиме пари.
Купивме авионски билети и кога им кажавме на нашите родители, мајка му (мојата свекрва) понуди да ни го плати сместувањето во хотел.
Ѝ бев многу благодарна, но моите родители ми рекоа дека сигурно ќе сака нешто за возврат.
Па, три месеци подоцна дознав дека мајка му веќе платила за хотелот и бев пресреќна.
Но, нејзиниот услов беше и таа да дојде со нас, на три дена. Тогаш не реков ништо.
Но, неодамна сопругот зборуваше со неа и му рекла дека сака да остане шест дена со нас.
Овој пат му реков дека не ми е баш пријатно бидејќи ќе треба постојано да бидеме со неа бидејќи, сепак, ни ја плаќа и собата.
И, тогаш сопругот ми ја кажа другата новост – мајка му ќе биде шест дена со нас, во нашата соба.
Разговарав со мојот сопруг и му кажав дека не ми се допаѓа целата идеја, но не знам што да правам бидејќи ако ѝ рече нешто, сигурно ќе сфати дека има проблем.
И, тогаш не ќе можеме да се релаксираме за време на целото патување.
Потоа дознав дека всушност сопругот ја поканил – наводно не мислел сериозно, но ѝ рекол дека авионските билети се евтини и храната е добра, па таа му рекла дека сака да дојде.
Она што ми пречи е тоа што сопругот не се консултирал со мене дали е во ред мајка му да спие во иста соба со нас.
Сега размислувам да најмам уште една соба – не ми е проблем да потрошам повеќе пари.
Па, дали ќе погрешам?“
Во коментари на објавата, скоро сите ѝ велат на девојката дека не е во ред што сопругот ја поканил мајка му во истата соба.
„Да сум на твое место, воопшто нема да одам на патувањето“.
„Во ред е да платиш за уште една соба. Но, тоа што сопругот ја поканил мајка му без да се консултира со тебе е доволна причина да го откажеш патувањето“.
„Не те обвинувам што сакаш да си во друга соба и треба да му кажеш на сопругот. Но, сигурно ќе има голема караница“.
„Ова е бизарно. Зошто ја поканил во истата соба со вас?“
Што мислите, кој е во право во целата ситуација?
Спирова С. | Црнобело