„Шампонот за суво миење е најдобар пријател“: 10 работи кои никој не ѝ ги кажува на новопечената бизнис мајка
„Ручекот со пријателките е луксуз, а не секојдневие“, „Озборувањето на кафе, ќе биде заменето со продуктивна работа“... Кои вистини ги учат бизнис жените дури откако ќе станат мајки?
Дали мајките кои работат можат да имаат сѐ? Дали балансот навистина е возможен? – ова се сигурно дел од прашањата кои сите си ги поставуваат кога станува збор за новите мајки.
Но, изгледа дека балансот и да се има сѐ, претставуваат сѐ уште тешко достижни концепти.
Голем број мајки ќе се сложат дека е навистина тешко да го правите она што навистина го сакате, а притоа да менаџирате со семејниот живот, наоѓајќи време за најсаканите и за себеси, но и да изгледате како сѐ да е под контрола.
А, ова се работите кои никој нема да им ги каже на сите идни мајки кои се успешни бизнис жени:
Шампонот за суво измивање ќе ви стане тајно оружје
Утрата се временско бојно поле, затоа користете шампон за суво измивање кога немате време да си ја измиете косата.
Исто така, ако имате подолга коса, плетенките и пунџите се секогаш тука за да ви помогнат.
Ручекот со пријателките е луксуз, а не секојдневие
Заборавете на слободните викенди.
Тие сега се резервирани за средување обврски, подготвување на неделно мени и роденденски забави.
Радувајте се кога имате слободно време, затоа што тоа ретко ќе се случува.
Вежбањето станува пракса во менаџирање со време
За жал, кога немаме време или сте премногу уморни по напорен ден, навистина е тешко да се довлечкате до салата за вежбање, а тоа станува невозможно кога имате мало дете.
Затоа постојат апликации со вежби, е-книги и онлајн рутини за вежбање кои ќе ви помогнат да останете во форма, дома или во канцеларија.
Среќавањето со пријателите ќе се случува само кога сте на поминување
Да бидеме реални – ретко кога ќе имате време да се чуете со пријателите, затоа направете го тоа додека одите на некое место.
Најдобро е таквото среќавање, затоа што тоа е највисоката форма на мултитаскинг.
Ако никој не е слободен за разговор, тогаш аудио книгите се одлична замена.
Ќе почнете да се задоволувате со помалку
Иако можеби сте кралица на контролата, но, кога ќе станете мајка со професионална кариера, тогаш ќе почнете да ги попуштате нештата, едноставно затоа што немате време ни енергија да се заморувате со неважни работи.
А, многу работи кои сега ви се важни ќе ви станат комплетно занемарливи кога ќе дојде детето.
„Совршено“ ќе премине во „доволно добро“ и треба да го прифатите тоа.
Ќе научите да управувате со времето како никогаш досега
Озборувањето на кафе, ќе биде заменето со продуктивна работа.
Ќе се изненадите колку напорно ќе работите и ќе бидете продуктивни, затоа што едноставно морате.
Честопати ќе имате појадок за вечера
Ќе немате многу време да подготвувате вечера, па вафли, јајца и лепче со маргарин ќе ви станат решение на сите проблеми.
Ова е тоа „совршено“ кое преминува во „доволно добро“.
Ќе сфатите дека онлајн шопингот е генијален
И сите останати онлајн работи...
Ќе пронајдете многу жени со кои можете да ги споделите вашите дилеми и маки
Кога ќе станете бизнис мајка, ќе сретнете уште многу такви како вас кои размислуваат исто.
Истите тие ќе бидат тука да ви дадат совет или да ви дадат охрабрување и мало поттурнување кога тоа ви е потребно.
„Да се има сѐ“ ќе добие нова дефиниција
Чувството да дојдете дома по напорен ден и да си го прегрнете малечкото или да си играте со него ќе ви стане животна цел.
С. С. | Црнобело