5 совети со кои ќе го подобрите односот со свекрвата (и ќе ги избегнете непотребните конфликти)

Договорете се кога е во ред да доаѓа на гости и немојте да се натпреварувате една со друга.

5-soveti-so-koi-kje-go-podobrite-odnosot-so-svekrvata-i-kje-gi-izbegnete-nepotrebnite-konflikti-01.jpg

Односот помеѓу снаите и свекрвите може да биде комплициран.

Сепак, вие сте две жени кои можеби немаат ништо заедничко, но одеднаш сте дел од истото семејство.

Во повеќето случаи, со искрен разговор и договор, може да го одржите хармоничниот однос.

Во продоложение, пет совети што ќе ви помогнат во тоа:

Направете план за посета

Нормално е да не сакате некој да доаѓа на гости ненајавен.

Исто нормално е и вашата свекрва да сака да дојде на гости, особено ако имате дете со партнерот.

За да ги избегнете непријатните ситуации, однапред договорете се кои денови сте слободни и во кој период од денот.

Секако, кажете ѝ на свекрвата и дека треба да се најави, во случај да имате неодложна обврска.

5-soveti-so-koi-kje-go-podobrite-odnosot-so-svekrvata-i-kje-gi-izbegnete-nepotrebnite-konflikti-02.jpg

Поставете граници уште на почетокот

Сите ние си имаме граници кои не би сакале другите да ги преминат.

Вашата свекрва не може да знае кои се вашите ако не зборувате за тоа.

А, веројатно и таа си има свои граници кои треба да ги почитувате.

Па, уште на почетокот отворено разговарајте за ова и во иднина ќе спречите многу непријатни ситуации.

5-soveti-so-koi-kje-go-podobrite-odnosot-so-svekrvata-i-kje-gi-izbegnete-nepotrebnite-konflikti-03.jpg

Не се натпреварувајте една со друга

Вие сте сопруга, а вашата свекрва е мајка на вашиот сопруг.

И, имате потполно различни улоги во неговиот живот и не треба да пробувате да се натпреварувате.

Немојте да пробате да докажете дека вие се грижите подобро за партнерот отколку таа за син ѝ или дека сте подобри од неа во што било. Секако, важи и обратното.

Сега сте дел од истото семејство и треба да соработувате и да си помагате, а не да се гледате како конкуренција.

5-soveti-so-koi-kje-go-podobrite-odnosot-so-svekrvata-i-kje-gi-izbegnete-nepotrebnite-konflikti-04.jpg

Не плашете се да кажете „не“

Ова правило не важи само за вашата свекрва, туку за односот со сите луѓе.

Ако не сакате да правите нешто или не ви се допаѓа некој предлог, слободно кажете „не“, дури и ако тоа резултира со мал конфликт.

Во спротивно, само ќе се чувствувате огорчено и со текот на времето дополнително ќе го влошите односот со свекрвата.

5-soveti-so-koi-kje-go-podobrite-odnosot-so-svekrvata-i-kje-gi-izbegnete-nepotrebnite-konflikti-05.jpg

Дозволете ѝ да биде баба

Ако сте имале среќа да пораснете со баба, таа сигурно ве разгалувала повеќе од родителите.

Па, дозволете ѝ на свекрвата да му биде баба на вашето дете.

Секако, разговарајте за правилата за воспитување и слично, но не почнувајте конфликт ако некогаш сака да му купи сладолед на детето или посака да го однесе во парк.

5-soveti-so-koi-kje-go-podobrite-odnosot-so-svekrvata-i-kje-gi-izbegnete-nepotrebnite-konflikti-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Го најдов тајниот дневник на баба ми по нејзината смрт, ме расплакаа работите што ги напишала за ме... „Од денес јас и ти имаме тајна. Сосема сама направи шест чекори. Не можеме да им...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
На 40 години конечно сфатив - мама беше во право! На секој мој несмасен обид да се вратам во времето и да поправам сè, мајка ми се...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg