Исповед на маж: „Сопругата има абортирано без да ми каже, сега ми бара да ѝ платам 50.000 долари за да роди дете“
„И двајцата заработуваме добро, а таа ми бара да ѝ платам за времето во кое ќе отсуствува од работа додека е на породилно. Се плашам дека е бремена и ќе го абортира бебето без да ми каже, затоа што тоа го направи претходно“ – раскажува маж на Reddit.
На социјалната мрежа Reddit еден маж ја раскажа својата приказна за тоа како неговата сопруга детално ги планира финансиите.
Тој појаснува дека неговата сопруга од него побарала да ја исплати за периодот додека ќе биде на породилно отсуство за да го роди нивното дете.
Како што вели, тој и сопругата се заедно околу 6 години и духовно се венчани 2 години, но не и легално, така што правно воопшто не ги делат финансиите.
„Двајцата заработуваме добро (над 175 илјади годишно без даноци). Заедно купивме куќа и се договоривме да ги делиме финансиските трошоци 50:50“ – вели тој.
Појаснува дека поради тоа што и двајцата заработуваат добро, сметале дека финансиите треба да им бидат одвоени.
„Ние и двајцата сме мошне независни луѓе и ориентирани кон кариерата.
Токму тоа ме привлекува кај неа – таа е неверојатна во својата работа и се гордеам кога ќе кажам дека таа ми е сопруга и што работи.
За жал, првите две години од нашиот брак паднаа во сенка на пандемијата и карантинот. Сакавме да патуваме и штедевме за да го направиме тоа.
Пред неколку месеци разговараме и сфативме дека можеби е добро сега да имаме деца, наместо постојано да чекаме подобри и побезбедни услови за патување.
Без посериозен разговор одлучивме да престанеме со контрацепција и да оставиме нештата да се случат сами по себе.
Но, сега откако одлучиле дека сакаат деца, почнале да се појавуваат проблеми во нивното заедничко живеење и тоа токму поради тоа што не ги делат финансиите.
„На работното место на сопругата ѝ дозволуваат породилно отсуство до една година, но плаќаат по само 50 отсто од нејзината плата во период од 6 месеци, а останатите 6 месеци се неплатено отсуство.
Беше многу директна и рече дека осигурувањето ќе ѝ покрие најголем дел од трошоците во болницата за време на бременоста и породувањето, а тоа што 6 месеци ќе отсуствува од работа ќе ја чини околу 50.000 долари затоа што ќе добива само половина примања.
Сега бара од мене да да ги компензирам тие 50.000 долари и да ги поделам сите други настанати трошоци за време на бременоста и раѓањето.
Нејзиниот став е дека таа прави нешто за ние да започнеме семејство, но нема да биде пола-пола ако се очекува само таа да има финансиски загуби, а јас не, со оглед на тоа што финансиите ни се одвоени“ – раскажува тој.
Како што вели, ваквите разговори го погодиле затоа што чувствува дека таа очекува од него да ѝ плати за да го роди нивното дете.
Понатаму тој вели дека се плаши и е возбуден затоа што мисли дека неговата сопруга веќе е бремена и дека неговата реакција би можела да има посериозни последици.
„Таа претходно имала абортус и ми кажа (една година подоцна) дека го направила затоа што сметала дека многу малку време сме заедно.
Бев во шок кога дознав, но ја поддржав нејзината одлука затоа што сметав дека тоа е нејзино тело и дека навистина не би било во ред толку рано да имаме деца.
Но, имајќи предвид дека е во можност да донесе таква одлука без воопшто да ме праша, навистина ме загрижува“ – раскажува тој.
Ова е еден пример за тоа со какви предизвици се соочуваат луѓето што живеат во заедница, но не ги делат финансиите. Што мислите вие?
Потребно ли е сопругот да ја компензира сопругата затоа што ќе му роди дете и ќе се соочи со финансиски загуби?
Некои од луѓето во коментарите велат дека таквата заедница е осудена на пропаст, што мислите вие?
Б. С. Б. | Црнобело
фото: depositphotos.com