Маскенбал во време на корона: Идеи како да ги маскирате децата дома (фото)
Можеби многумина заборавија на 1-ви април, но не и оние кои имаат дечиња кои уживаат во маскирањето и не сакаат да им го скратат задоволството и оваа година.
Секако, во услови кога сите треба да бидеме дома и да практикуваме социјална дистанца, маскенбалот во друштво ќе биде одложен, но тоа не е причина да не им приредите домашен маскенбал на децата.
Искористете ја вашата креативност и заедно направете си го поквалитетно времето поминато заедно, употребувајќи ги своите вештини - шиење, шминкање, цртање, лепење и што уште не.
Извадете сѐ што може да ви послужи да направите костим или маска - од картони и бои до перики, шминки, облека и секакви предмети кои може да послужат, и препуштете се на првоаприлската магија.
Во продолжение неколку идеи кои може да ви помогнат полесно да добиете инспирација за маска:
M. M. | Црнобело