Совети од искусни родители за справување со тврдоглави, палави деца
Секој има свој начин на воспитување и однесување со децата, но сепак мора да признаеме дека постојат неколку универзални „златни правила“.
Посебно, доколку вашето дете се наоѓа во период кога е тврдоглаво и палаво и не знаете како да постапите, советите од искусните родители кои го поминале тоа, може да ви помогнат.
Постои посебен пристап на кој треба да му пријдете на детето во одредени ситуации, со цел да не направите поголем проблем.
Неколку стратегии кои ќе ви помогнат да излезете на крај и со најтврдоглавото дете:
Кога детето одбива да шета со родителот за рака
Веројатно повеќето од родителите се соочиле со ситуација кога детето ќе застане и одбива да се држи за раката на родителот и се постојано се противи на тоа.
Но, за да го убедите да ја поминете заедно улицата, наместо да му наредувате, обидете се да ги смените улогите.
Дозволете му на детето да има улога на родител и да се чувствува корисно, па така веднаш ќе ја прифатат „играта“.
Кога детето одбива да ја исполни казната која сте му ја дале
Како треба правилно да постапите ако детето се однесувало неправилно, вие сте одлучиле да го казните, а тоа не сака да ја прифати казната?
Едноставно, треба да направите „бизнис понуда“, наместо со сила да го терате на тоа.
Дајте му неколку понудени избори и овозможете му да донесе одлука дури и кога прави грешки, во вакви ситуации.
Најважно е да запомните дека емоционалното насилство никогаш не е решение, а физичкото уште помалку.
Па наместо да го терате детето да седи во ќош или нешто слично, натерајте го комуницира и да сфати на кој начин ќе ја поправи грешката.
Кога детето одбива да јаде здрав ручек, но не му пречат слатки за ручек
Ако детето одбива да го јаде ручекот кој сте го подготвиле, но со задоволство ќе прифати од омилените колачиња или бонбони, не го уценувајте на негативен начин.
Наместо да го терате и казнувате, направете компромис и понудете му го десертот како награда по завршувањето на ручекот.
Овој трик функционира многу кај децата со натпреварувачки дух, па ќе вложат труд и ќе го изедат ручекот набрзина за да подоцна ужива во слатката награда.
Не го осудувајте и наместо тоа пробајте да најдете компромис и така детето полесно ќе соработува.
Кога детето не сака да појадува
Наместо да го терате детето да јаде со сила, обидете се да му поставите пример. Кога родителите се презафатени, а детето мора да појадува само, не е ни чудно што може да ја остават цела храна.
Ако одбијат да појадуваат, правете им друштво. За да им го направите тоа позабавно, обидете се да броите заедно уште колку лажици храна има во чинијата.
Играјте стратешки со детето и верувајте дека нема ни да забележи дека го изело цело јадење.
Кога детето одбива да се облече
Како и за сите други работи, така и за ова, многу е полесно да го натерате детето да направи нешто преку игра, наместо со сила и закана.
Ако одбива да се облече, наместо да гледате негативно, да ве фаќа нервоза и да викате и наредувате, обидете се со игра.
Поставете му предизвик на детето и прашајте го дали ќе успее да се облече со затворени очи.
Децата обожаваат да си играат и сакаат да покажат дека можат да направат нешто, па овој процес ќе оди многу побрзо без конфликти.
М. М. | Црнобело