„Не можам да си ја дозволам сопругата“: Искрено писмо од млад татко
Стивен Нелмс и неговата жена Глори се во брак веќе 3 години и кога се родил нивниот син Езра, одлучиле дека најдобро е Глори да остане дома и да се грижи за детето.
„Само една плата едвај ќе ни достигнуваше за грижа за детето“ – вели Стивен.
За да покаже колку ја вреднува својата жена, тој објавил пост на интернет страната We Are Glory:
„Веќе некое време ја имам оваа мисла во главата. Мислам дека не можам да си дозволам мојата сопруга да остане дома за да го чува детето.
Сега, не сакам никого да навредам со овие зборови, само сакам да кажам за мене лично.
Не можат да си ја дозволам жена ми. Би сакал подетално да објаснам зошто е тоа така без да бидам обвинет дека не ги почитувам мајките кои остануваат дома да ги чуваат децата.
Напротив, баш сакам само да кажам дека не можам да си ја дозволам сопругата.
Мојата сопруга останува дома и секојдневно се грижи за нашиот син. Таа ги менува неговите пелени, го храни, игра со него, го легнува да спие и го теши кога е вознемирен.
И тоа се само основните работи кои ги прави за него.
Тој ја има цела за себе. Целата нејзина љубов, нејзиното време и нејзината енергија, Таа се секогаш таму за него, во негова близина и секогаш го слуша.
Да, нормално е родителот да го посветува своето време на децата и нив да ги сака најмногу, но таа љубов може да се квантификува во долари.
Еве што мојата жена прави и за што не трошиме пари:
- Дадилка: Просечно $36.000 долари годишно;
- Сервис за чистење: Просечно $5.200 долари годишно;
- Шеф на кујна: $12.480 долари годишно;
- Финансиски асистент: $3.900 долари годишно;
- Перална: $1.300 долари годишно.
Работите кои таа ги прави по дома, чинат околу $73.960 годишно. Тоа значи дека јас буквално не можам да си ја дозволам мојата жена.
И вистината е дека се чувствувам засрамено за оние времиња кога сум направил да се чувствува виновно ако сакала да си допушти нешто за себе.
Засрамен сум за било кое време кога сум заборавил дека таа има подеднакво право на придонесите во домот.
Реалноста е дека нашите придонеси не се ни приближно еднакви на вредноста на работите кои таа ги прави по дома.
Таа ме сака мене, го сака нашиот син и повеќе од јасно е дека тие работи не ги прави за плата, туку само за нас.
Но, секако не боли да споменам дека нејзината плата за работите кои ги прави по дома би требала да биде дупло поголема од мојата.“