Една е мајка: Умира од рак па остава писменца за својата ќерка

Хедер МекМанами има само 35 години, но веќе две години се бори со ракот на дојките: болест за која знае дека е неизлечива и дека наскоро ќе и подлегне. Таа зад себе ќе ги остави ќерката Бриана и сопругот.

umira-od-rak-pa-na-kjekrata-i-napishala-bezbroj-pisma-za-godinite-koi-sleduvaat-01.jpg

Бриана сега има само 4 години, а за да не се чувствува осамено и да има нешто од својата мајка, Хедер се одлучила да и остави една „временска капсула“ – кутија полна со писма, кратки белешки и видео снимки кои ќе може да ги отвора во посебни етапи од животот.

umira-od-rak-pa-na-kjekrata-i-napishala-bezbroj-pisma-za-godinite-koi-sleduvaat-2.jpg

„Поголемиот дел од луѓето едноставно само умираат и тоа е тоа. Немаат можност да се збогуваат со своите сакани. Мене ми е дадено доста време да се подготвам и да направам сè што можам за да му олеснам на семејството“ – вели Хедер.

„Писмата кои ги пишувам за Бриана на почетокот ми создаваа тешкотии и силна тага, бидејќи знам дека нема да имам можност да ја гледам како расте и созрева, но сега сето тоа има смисла. Имам чувство дека нешто можам да контролирам. Дека нешто е во мои раце“ – додава таа.

umira-od-rak-pa-na-kjekrata-i-napishala-bezbroj-pisma-za-godinite-koi-sleduvaat-3.jpg

До ден денес, храбрата мајка напишала повеќе од 40-тина писма кои се наменети за сите важни моменти во животот на Бриана.

Од нејзините родендени, забави, венчање, бременост, раѓање, прво дете, полагање на возачка и се натаму. Таа не заборавила да напише писмо и во кое ќе објасни и ќе ја утеши кога ќе и умре првиот миленик, кога да ја прекине врската со момчето, кога да го испие својот прв алкохолен пијалак и уште многу други теми.

umira-od-rak-pa-na-kjekrata-i-napishala-bezbroj-pisma-za-godinite-koi-sleduvaat-4.jpg

„Тоа што ги пишувам писмата не значи дека сум се откажала од борбата против ракот, но сум реалистична. Јас сè уште имам причина да се надевам дека работите ќе се променат“ – вели Хедер.

umira-od-rak-pa-na-kjekrata-i-napishala-bezbroj-pisma-za-godinite-koi-sleduvaat-5.jpg

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg