Кога новороденчето ќе се одлучи да ја уништи семејната фотографија
Фотографот успеал да го овековечи токму оној момент кога она што треба да биде семеен портрет завршува сосема поинаку. Смешно и трагично истовремено, но ликот на мајката чие бебе во тој миг се ослободува од непотребните материи е бесценет.
Додека благо го нишкала, Челзи добила прилично непријатен потсетник за тоа што значи да се биде мајка, а овој фотограф успеал тоа и да го долови со фотоапаратот.
Подготвени за семејниот портрет и малечкото новороденче слободно и инстантно се олеснува не само на рацете на мајката која го нишка, туку и на неговата баба.
На неа и завршува поголемиот дел.
Челзи го носи својот црн фустан, косата и е прецизно средена и со свежо направена фризура, но ништо од тоа не се забележува.
Очите го забележуваат само нејзиниот поглед и ликот чија гримаса сите ќе ги насмее и секако ќе им покаже што е вистинска мајка.
Сликата е објавена на интернет страната која специјализира токму за ваквите моменти AwkwardFamilyPhotos каде мајката ја надополнува со коментар:
„Ова малечко момче беше во сопствената фаза на спиење, а сепак одлучи да го испушти токму пред камерата“ – објаснува, Челзи.
Сликата се појави и на Фејсбук, а еден корисник на неа искоментирал: „Знаеш дека си мајка кога некој ќе се покака на тебе“.
Ова и не е првпат кога родител кој воопшто не очекувал, бил непријатно изненаден од сопственото дете.
Минатиот септември, гордиот татко Ал Фергусон од Кент исто така постираше слики на својот блог TheDadNetwork.
Сите слики заедно, како еден вид „панорама“ на минатите и идните настани прецизно го доловуваат моментот кога малечкото бебенце ненадејно ќе одлучи да ја уништи семејната слика.