Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ти нема да сеќаваш, но јас ќе паметам засекогаш

Секоја мајка поминува низ истите фази со своите деца, но секогаш на различен начин ги искажува.

ti-nema-da-se-sekavas-no-jas-ke-pametam-zasekogas-01.jpg

Сепак, ако се обидат да објаснат и да ги напишат своите чувства, мисли, стравови, сигурно сите би можеле да се пронајдат во писмото на писателката Џесика Димас, која му го посветила на својот син.

„Ти нема да се сеќаваш како стоев во бањата онаа ноќ додека бев бремена со тебе и со страв и возбуда гледав во месечината и знаев дека наскоро ќе те донесам на свет, тивко шепотејќи: „Ние го можеме ова“.

Ти нема да се сеќаваш на начинот на кој ме погледна откако се роди и допирот до моето срце кога ти шепнав: „Здраво бебе“.

Ти нема да се сеќаваш како го излечи мојот скршен дух. Начинот на кој го направи моето срце повторно целосно. Бев премногу слаба пред тебе, но ти ме направи повторно силна.

Ти нема да се сеќаваш колку гордо те гледав секаде каде што одевме и дека за мене беше најубав од сите.

Ти нема да се сеќаваш како секогаш правиш да се смеам со сите наивни и смешни работи кои може да ги направиш.

Ти нема да се сеќаваш на начинот на кој ти ја чешлам косата додека гледаш во мене со кренат поглед.

Не се потребни зборови, нашите души можат да се допрат и да си кажат сè што не може да се искаже со зборови.

Ти нема да се сеќаваш на сите игри што ги имавме и кога те измамував само за да можам да те држам подолго во прегратка и да те опсипувам со бакнежи.

Ти нема да се сеќаваш на сите ноќи кога те покривав, си легнував и чувствував страв да ти бидам мајка. Се прашував: „Дали сум доволно добра?“, „Дали пропуштам нешто?“, „Дали сум мајка каква што заслужуваш?“

Ти нема да се сеќаваш како се стегаше моето срце и растеше уште повеќе секојпат кога гледав дека успеваш и надминуваш нешто.

Ти нема да се сеќаваш на начинот на кој ти ги држев малите стапала во моите раце замислувајќи дека еден ден ќе пораснат многу поголеми и од моите и како ќе морам да те пуштам сам да одиш низ животот.

Ти нема да се сеќаваш, но јас да. Јас ќе ги чувам овие спомени за двајцата, засекогаш“.

Би можело да ве интересира:

„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
„Моите деца ги сакам помалку сега кога се тинејџери - Зошто се чувствувам така?“ „Ми недостигаат деновите кога моите деца ми даваа безрезервна љубов, но уште пов...
„Јас сум една од најлошите баби - зошто сум строга со внуците?“ „Знам да бидам дури злобна на моменти со внуците и луѓето ми велат дека сум прес...
„Јас сум мајка која зјапа во телефон во паркот, додека нејзините деца си играат“ Јас сум, исто така, мајка која е со своите деца по цел ден. И мајка која се труд...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg