Тато, девојка ми е бремена и се селам од дома - писмото кое го шокираше еден татко
Таткото влегол во собата на својот син и спротивно на она што очекувал, наишол на средена соба и наместен кревет. Работите станале посебно сериозни кога на перницата здогледал писмо.
Очекувајќи го најлошото, го земал пликот на кој пишувало „тато“ и почнал да чита...
„Драг тато
Ти пишувам со каење и голема огорченост. Морав да побегнам со мојата нова девојка бидејќи сакав да ги избегнам сцените и кавгите со тебе и мама.
Чувствувам голема страст кон Стејси и таа е прекрасна, но знаев дека немаше да ја одобрите заради сите нејзини пирсинзи, тетоважи, моторџиска облека и фактот што таа е многу постара од мене.
Но, тоа не е само страст тато, таа е бремена.
Стејси вели дека ќе бидеме многу среќни. Таа има трајлер во шума и доволно дрва за да издржиме оваа зима. Се надевам дека понатаму ситуацијата ќе се подобри и ќе имаме повеќе дечиња.
Стејси ми ги отвори очите дека марихуаната не повредува никој. Ќе ја одгледуваме сами и ќе ја продаваме на луѓето во градот.
Во меѓувреме, ќе се молиме да се пронајде лек за СИДА за Стејси да биде подобра. Верувај ми, го заслужува тоа.
Не се грижи тато. Имам 15 години и знам да се грижам за себе. Некогаш ќе дојдеме и ќе ве посетиме за да си ги видите внуците.
Те сакам,
Џошуа.
P.S. Тато, лажам - ништо од ова не е точно. Јас сум кај Џејсон дома. Само сакав да те потсетам дека има многу полоши работи во животот од ливчето со оценки и забелешки кое е на масата во кујна. Јави ми се кога ќе биде безбедно да се вратам дома!“