10 работи во кои мора да уживате пред да имате деца
Се одлучивте за дете? Пред официјално да се решите и да го направите, пробајте ги овие 10 нешта кои ќе ви го исполнат животот пред да започнете со оваа сериозна улога на родител.
1. Зачленете се на јога
Секако не мора да значи дека баш јогата е морална. Зачленете се на било која активност во која ќе уживате. Кога ќе имате дете не мора да значи дека нема да имате време за овие активности, но нема да можете слободно да уживате во нив. Погледот секогаш ќе ви биде насочен кон детето.
2. Присуствувајте на Exit
Истото важи како и за јогата. Одберете го посакуваниот фестивал. Важно е да го искусите чувството да се присуствува на забава во живо и целосно да се ослободите. Уште по првото дете фестивалите ќе ви останат како желба со многу мала веројатност за исполнување. Поверојатно е дека ќе слушате Дизни мелодии отколку рок музика.
3. Одете и подалеку
По Еxit одлучете се за нешто подалечно. Посетете го Октоберфест во Германија или Tommorowland во Белгија. Одлучете се, подгответе ги куферите и уживајте во својот втор меден месец.
4. Уживајте во утрата
Искористете го максимумот од вашите неделни утра и уживајте во појадокот со партнерот или долготрајните разговори со пријателите. Оваа во ниту еден случај нема да се случи кога ќе имате деца.
5. Трошете ги парите на себеси
Барем еднаш дозволете си го скапото парче облека кое од секогаш сте го посакувале. Ќе дојде време кога сите пари ќе ви одат на колички и цуцли.
6. Заштедете
Да, горе кажано ви е да потрошите пари, но ова треба да биде редок случај кој можете барем еднаш да си го дозволите. Ако сте сериозни со желбата за деца мора да бидете однапред подготвени и парично.
7. Чувајте милениче
Зошто да не се тестирате во пракса дали сте способни да се грижите за некого 24/7?
8. Останете будни цела ноќ
Се сеќавате кога како тинејџер единствената идеа за забава ви беше останувањето до доцна со пријателите? Дајте си шанса барем уште еднаш да уживате во овој тинејџерски идеал.
9. Пронајдете ја вашата идеална работа
Пред воопшто и да помислите на дете погрижете се да ја пронајдете работата која максимално ќе ја искористува вашата страственост. Од секогаш сте сакале да поседувате свој сопствен бизнис? Пробајте.
10. Напишете писмо
Напишете писмо во кое на вашето неродено дете ќе му објасните кој/а и каков/а сте како личност. Бидете сигурни дека кога ќе го читате ќе биде нешто во кое ќе уживате двајцата.