Пораките на овие ученици ќе ви го скршат срцето: Би сакал/а учителката да знае дека...
Не сите деца можат да имаат шанса за образование, а многумина од оние кои имаат пак, не им е потребно.
Порано се сметаше дека учителката е наша втора мајка која нè воспитува и се грижи за нас додека сме во училиште кога нашата вистинска мајка не е со нас.
Денес, сè повеќе учителките се оние кои само го предаваат материјалот и ни го оценуваат успехот. Многу се ретки учителките како Кајл Шварц која се потрудила да допре малку подлабоко до учениците кои се од многу сиромашни семејства. Но, таа сакала да дознае и нешто повеќе, она што ги мачи.
Им дала задача во која требало да ја напишат својата тајна, својот проблем или нешто што би сакале таа да го знае.
Очекувала дека сите ќе се жалат за тоа што немаат пари за ужинка, но одговорите на учениците се многу поемотивни:
1. „Би сакал мојата учителка да знае дека немам пријател за да си игра со мене“.
2. „Би сакала мојата учителка да знае дека дома немам молив со кој би можела да ја пишувам домашната задача“.
3. „Би сакал мојата учителка да знае дека сум загрижен, затоа што мајка ми е често болна и вчера беше во болница“.
4. „Би сакал мојата учителка да знае дека мојот среќен роденден беше во февруари“.
5. „Би сакала мојата учителка да знае колку ми недостига татко ми, бидејќи е депортиран во Мексико уште кога имав 3 години, а не сум го видела 6 години“.
6. „Би сакала мојата учителка да знае дека навистина сакам да одам на факултет“.
7. „Би сакала мојата учителка да знае дека понекогаш мајка ми не се потпишува во тетратката со активности, затоа што често не е тука“.