Вреди да ги знаете: 5 Паметни лекции од една разведена мајка
Ако сакате да знаете како да го зацврстите бракот и во исто време да бидете успешни родители, тогаш побарајте совет од разведена мајка.
Мудростите и советите на оваа разведена мајка, се навистина корисни за сите парови со деца:
1. Создадете повеќе време за вас двајца
Кога една двојка одлучува да има дете, тогаш тоа им станува број 1 приоритет. Но, разведените двојки признаваат дека згрешиле што заедно со детето не го ставиле и својот брак на место број 1. Во ред е еднаш или два пати неделно да повикате некој да го почува вашето дете, додека вие двајца одите на романтичен викенд или вечера.
2. Обрнете внимание на ситниците
Поради фактот што двојките помалку имаат време да си посветат еден на друг, мораат да се научат како да ги ценат ситните работи и да покажат меѓусебна почит. Навистина морате да се трудите што е можно повеќе, бидејќи животот не е совршен, а токму ситниците го прават исполнет.
3. Не обвинувајте ги другите
Многу жени остануваат предолго во нездрави бракови, најчесто поради притисокот од пријателите или семејството, кои често нѐ охрабруваат да пронајдеме начин да го подобриме бракот. Но, најважно од сѐ е како вие се чувствувате, бидејќи потоа откако ќе биде доцна не смеете да си дозволите да ги обвинувате другите за сопствените грешки.
4. Поработете на комуникацијата
Научете да зборувате искрено со партнерот, наместо да викате и да се карате, зборувајте со почит и разбирање кон соговорникот. Никој нема да ве научи како да комуницирате и на кој начин да ја подобрите врската, тоа ќе морате самите да го усвоите.
5. Не брзајте со бракот
Ако веќе зад себе имате пропаднат брак, тогаш пред повторно да влезете во брак, морате да бидете сигурни дека тоа е навистина она што го сакате:
- Најпрво, запознајте се и засакајте се себе.
- Второ, не влегувајте во брак додека навистина не го запознаете партнерот.
- Трето, секогаш верувајте си на себе и својата интуиција.