10 Работи за родителството кои ќе ги сфатите откако ќе ги преживеете

Пред да станете родители сигурно сте добиле разни совети, сте прочитале многу книги, статии и дури сметате дека сте подготвени за тоа, но размислете уште еднаш.

10-raboti-za-roditelstvoto-koi-kje-gi-sfatite-otkako-kje-gi-preziveete-1

Да се биде родител значи да се започне патувањето на животот, а во текот на тоа патување ќе ги научите најважните работи за кои до сега само сте слушале.

Овие работи ќе ги сфатите дури откога ќе станете родители:

1. Фразата „спие како бебе” е најголемиот оксиморон на сите времиња. Бебињата можеби спијат почесто, но вие сигурно не сте навикнати да дремнувате половина час во текот на ноќта.

2. Дури и најдобрите деца понекогаш се лоши. Но, тоа со текот на време ви станува јасно, бидејќи истото се однесува и воопшто за возрасните.

3. Нивниот карактер ќе ве изненади. Никогаш не знаете што да очекувате од вашето дете.

4. Нивните работи ќе бидат насекаде низ домот. Не можете да го запрете хаосот, единствено можете да се обидете да го контролирате.

5. Дури и кога сте на одмор, вие никогаш не сте на одмор. Ако имате среќа можеби ќе успеете да отидете некаде сами на викенд, но сепак најголемата одговорност е кај родителот и таа одговорност трае 24/7.

6. Врската помеѓу вас и партнерот/ка сепак ќе се смени. Колку и да ви кажуваат дека ништо нема да се промени, сепак не е така, но тоа не значи дека ќе биде лошо.

7. Без разлика на било што, секогаш ќе сакате да ги заштитите. Колку и да се обидувате да се промените, тоа нема да се случи, бидејќи секогаш ќе бидете заштитнички насторени кон вашето малечко.

8. Невозможно е да се преговара со дете. Ќе пробате. Нема да успеете и тоа е во ред.

9. Ќе сфатите дека сѐ што ви зборувале било залудно. Вашето бебе е единствено и не е како останатите бебиња, па со тек на време вие самите станувате експерти и се справувате во ситуацијата, без додатни совети.

10. Успехот се состои во волјата. Вашето бебе наполнило 1 година, а вие се чувствувате како уште да не знаете ништо. Тоа е така бидејќи како што расте вашето дете, така и вие созревате како родител.

Би можело да ве интересира:

„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg