8 Знаци кои ви зборуваат дека вашиот сопруг ќе биде одличен татко
Можеби вашиот партнер е одличен со туѓите деца и тоа е секако добар знак, а ако ги поседува овие карактеристики тогаш тој со сигурност ќе биде совршен татко.
Овие суптилни знаци можете да ги забележите во неговите секојдневни навики и однесувања, кои зборуваат многу за неговата татковска страна:
1. Има интуиција
Ако вашиот партнер забележува кога сте уморни или нерасположени, па ви предлага да ви направи кафе или прави било што за да ве расположи, тоа значи дека е подготвен грижата да ја подели со вас. Не се ни сомневајте дека ќе ви помага околу рутинските работи кога станува збор за грижа околу детето.
2. Грижливост
Ве држи за рака, милува за коса, бакнува... Со сите овие ситници тој покажува дека е способен да се поврзе со вас емоционално, што е многу важна алка во родителките односи.
3. Умее да се справи со стрес
Иако е преполно со прекрасни мигови, да се биде родител е истовремено работа подложна на стрес. Ако тој умее да се справува со стресот во секојдневието, тоа ќе ви биде од голема помош бидејќи ќе имате на кого да се потпрете.
4. Делење на оброк
Можеби ви звучи смешно, но однесувањето за време на вечерата е исто така голем знак. Ако тој веднаш ви понудува да пробате од она што го нарачал, тогаш тоа покажува дека е подготвен да дели со вас.
5. Пазари, готви и средува
Не му е тешко да излезе со вас на пазарување, ниту пак да ви помогне во средување на домот. Ова е знак дека одлично ќе соработувате како родители, а кога е во прашање дете таква помош ќе ви биде повеќе од потребна.
6. Се жртвува за вас
Пропушта излегување со пријатели бидејќи сте болни? Тоа само ја покажува неговата флексибилност, поврзаноста со вас и несебичноста.
7. Одговорност
Завршува одредена работа за која сте го замолиле, без да морате да го потсетувате милион пати. Тоа е важно, бидејќи не можете да одгледувате дете со некој кој е неодговорен.
8. Одлично се согласувате
Ако вашата врска е цврста, емотивна и умеете да комуницирате за било што, ако се согласувате и забавувате додека сте сами тоа се добри показатели дека вие двајца ќе бидете одличен тим.