Додека растете, не заборавајте...

Емоциите се измешани, баш како и личностите кои секојдневно ги среќавате, а проблемите ви се чинат како непроодни планини.

dodeka-rastete-ne-zaboravajte-01

Токму тогаш, сè што треба да запаметите се следниве неколку реченици:

1. Распознајте кога вие сте поважни, а кога другите. Понекогаш, бидете разумно себични и ставете ги своите потреби на прво место. Понекогаш пак, потрудете се да ги ставите туѓите потреби пред вашите, дури и кога никој не ве присилува.

2. Бидете весели, не детинести. Научете да останете во контакт со вашето внатрешно дете и задржете го веселиот дух, но тој никогаш не смее да го попречи вашето созревање.

3. Разликувајте што е вистина, љубезност и лага. Вистината кажувајте ја љубезно, а не лагите.

4. Бидете пример. На било кој. Само однесувајте се како постојано некој да ве надгледува и ќе ја постигнете целта.

5. Гласајте. Не ја избегнувајте оваа должност, без оглед на тоа дали се работи за мали или големи одлуки. Застанете зад она во што верувате.

6. Откривајте нови нешта. Патувајте. Испробајте нов спорт, хоби, откријте нов талент. Било што, само излезете од удобноста и сигурноста.

dodeka-rastete-ne-zaboravajte-02

7. Приредете јавно изненадување. Прославете, веселете се. Оставете ги критиките на страна.

8. Правете го она што го сакате. Ако го правите со личноста која ја сакате, многу подобро.

9. Плачете. Од среќа или од тага, сеедно, само исплачете се. Прифатете ја состојбата и подоцна нежно избришете ги солзите. Само не ги држете во себе.

10. Простувајте. Ослободете ги другите од грижите. Соочете се со нешто што долго ве мачете, ќе почувствувате голема разлика. Тогаш започнете од ново.

11. Кажете им на родителите колку ги сакате. Дури и да не се до вас повеќе. Дури и светот да ви кажува дека не го заслужуваат. Вие само кажете и покажете им.

12. Дозволете љубовта да ве однесе некаде. Било каде. Не е важно дали во рајот или во пеколот, само препуштете се. Доволно сте силни и ќе издржите.

Би можело да ве интересира:

5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg