5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки

Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте. Секое бебе е различно, а пробувањето на различни пози на доење честопати може да ви даде позитивен резултат. Кои пози да ги испробате за подобро искуство со доењето?

5-pozi-shto-kje-im-go-olesnat-doenjeto-na-novite-majki-01.jpg

Доењето може да биде многу убаво и незаборавно искуство, но честопати, барем на почетокот, тоа и не е толку лесно. Еден од најчестите предизвици со кои се соочуваат новите мајки, се нивните брадавици.

Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте. Секое бебе е различно, а пробувањето различни пози на доење честопати може да ви даде позитивен резултат.

5 пози за доење кои можат да ви помогнат:

Држење во раце како во позиција за лулање

Оваа позиција со право е најчесто користена. Таа е природна, удобна и обезбедува одлична контрола како за мајката, така и за бебето.

Седнете исправено со добра поддршка на грбот. Држете го бебето блиску до телото, како во позиција за лулање.

Нежно повлечете ја главата на вашето бебе кон градите, а притоа осигурете се дека увото, рамото и колкот се добро наместени. Доближете му ја брадата најпрво до градите, а потоа отворете му ја устата со нежно галење по образот.

5-pozi-shto-kje-im-go-olesnat-doenjeto-na-novite-majki-02.jpg

Вкрстена позиција

Седнете удобно, со потпрен грб. Фатете ги главата и вратот на бебето со спротивната рака, а неговата рака треба да биде преку вашите гради.

Приближете го бебето до вашето тело, внимавајќи на увото, рамото и колкот. Повлечете го нежно кон градите, а потоа отворете му ја устата и поттикнете го да се прилепи до вашата града.

5-pozi-shto-kje-im-go-olesnat-doenjeto-na-novite-majki-03.jpg

„Фудбалско“ држење

Оваа позиција го ублажува притисокот врз вашиот стомак, што ја прави идеална за доење после царски рез.

Потпрете се на перница и држете го вашето бебе под раката, со стомакот и главата свртени кон вас и вашите гради. Со раката дофатете ја градата и повлечете го бебето кон неа.

5-pozi-shto-kje-im-go-olesnat-doenjeto-na-novite-majki-04.jpg

Лежење на страна

Оваа положба е одлична за ноќни подои или кога сте премногу уморни. Легнете на страна свртени кон вашето бебе, потпрени на перница.

Приближете го бебето кон вас со главата свртена кон градите и нежно доближете го до вашите гради, па поттикнете го да започне со цицање.

5-pozi-shto-kje-im-go-olesnat-doenjeto-na-novite-majki-06.jpg

Навалена положба

Оваа положба ја користи гравитацијата за да му помогне да вашето бебе да започне со цицање и е особено погодна за новите мајки. Легнете удобно на кревет или на стол, потпирајќи се на перница.

Држете го бебето над вас, со главата свртена кон вашите гради и наведнете ја неговата брада за подобро да ја дофати вашата брадавица.

5-pozi-shto-kje-im-go-olesnat-doenjeto-na-novite-majki-05.jpg

М. Ѓ | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје Да се шета со количка за бебе низ улиците на Скопје е вистински предизвик - од т...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
Предмети во детската соба кои можат да бидат опасни за бебиња и многу мали деца Перница во бебешкото креветче и играчки со магнети – некои предмети можат да пре...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
Летување со бебе: На што да внимавате и што да понесете со себе? Какви лекови да земете и кога е најповолен период за на плажа? Што сè треба да з...
Искрена исповед на мајка: „Тешко ми е летниот период со бебе, кога не можам да излезам надвор“ Кои се вашите размислувања? Дали сметате дека повеќето мајки се&n...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg