25 мудрости за идните родители
Кога на свет го донесов мојот прекрасен син, мојот татко, кој инаку беше човек што ретко зборува, ми кажа: „Твоите деца се најголемата инвестиција. Што и да инвестираш во нив, тие ќе ти го наплатат со камата.“
Тогаш сфатив дека постојат милион начини на кои можеш да бидеш добар родител.
Но, само вака ќе успеете:
1. Дајте си повеќе време од вообичаено.
2. Секогаш бидете присутни, и физички и психички.
3. Верувајте во она што го правите.
4. Не ги споредувајте вашите со туѓите деца.
5. Олеснете си ја работата, кога можете и колку повеќе можете.
6. Понекогаш, премолчете.
7. Но, никогаш не ги замолчувајте вашите деца.
8. Насмевнете им се.
9. Но, имајте на ум дека не е лесно да ги израдувате.
10. Учете ги да ја ценат самотијата.
11. Убедете ги дека вие сте еден тим кој е против целиот свет. И ништо не може да ве победи!
12. Не ги „гуглајте“ сите невообичаени активности на вашите деца.
13. Не ја извршувајте нивната домашна задача, но не заборавајте да им помогнете.
14. Бидете свесни дека ќе го прават истото што и вие. Трудете се да не бидете контрадикторни.
15. Одржувајте им лекции и правете важни одлуки кога сте одморени.
16. Вината не е мотивација.
17. Не помислувајте на најлошото, но не се надевајте ниту на најдоброто.
18. Охрабрувајте ги!
19. Адаптирајте се на нивните промени.
20. Не поставувајте премногу правила.
21. Научете ги да се натпреваруваат и да ризикуваат за она што вреди.
22. Одбирајте ги зборовите внимателно.
23. Научете ги како да се направат среќни самите себеси.
24. Не се срамете да признаете дека сте згрешиле.
25. Забавувајте се. Помирете се дека родителството е една голема авантура.