-->
-->
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што да направите ако друг возрасен (јавно) го критикува и навредува вашето дете?

Внесете доза хумор за да ја намалите напнатоста

Иако најверојатно не ви е до шега, добро би било да внесете доза хумор за да си олесните во стресните ситуации и да ја намалите тензијата.

Сепак, обидете се да бидете внимателни со шегите, затоа што не би сакале да звучите саркастично или како да навредувате нечии чувства, со што само ќе ја влошите ситуацијата.

shto-da-napravite-ako-drug-vozrasen-javno-go-kritikuva-i-navreduva-vasheto-dete-06.jpg

Поставете јасни граници

Ако се работи за личност која има авторитет во животот на вашето дете (наставник, тренер, роднина), неопходно е од сам почеток да поставите јасни граници за да спречите слични ситуации.

Секако, тука не се мисли да се заканувате за вашето дете да може да ги тероризира сите во училиштето, туку барате личноста да ги користи истите техники за дисциплинирање што ги користите и дома.

На тој начин детето ќе создаде слика за тоа што е правилно и што е погрешно и каква казна може да очекува.

shto-da-napravite-ako-drug-vozrasen-javno-go-kritikuva-i-navreduva-vasheto-dete-07.jpg

Обидете се да му ја објасните ситуацијата на детето

Кога ќе се смири ситуацијата, неопходно е да седнете и да разговарате со детето.

Ова е мошне важно, затоа што од мали нозе мора да го научите детето дека грешките што ги прави може да имаат долготрајни последици.

Разговарајте, но не го сожалувајте и не го охрабрувајте. Тоа мора да знае каква грешка направило и дека не смее да ја повтори.

shto-da-napravite-ako-drug-vozrasen-javno-go-kritikuva-i-navreduva-vasheto-dete-08.jpg

Во кои случаи е во ред друга возрасна личност да го дисциплинира вашето дете?

Како родители, имаме задача да ги научиме децата што значи авторитет и како да ги прифатат општествените норми што им се наметнуваат.

Тие треба да знаат кои се авторитетите во општествените групи и да ги почитуваат тие фигури.

Затоа, не смеете да му замерите на наставникот кој се обидел да го дисциплинира вашето дете, ако тоа се однесува непримерно во училиште.

Но, тоа дисциплинирање не смее да биде со изливи на гнев и викање. Таквиот начин на комуникација може да ја уништи самодовербата на детето, да му создаде анксиозност и да му ја уништи довербата во другите.

shto-da-napravite-ako-drug-vozrasen-javno-go-kritikuva-i-navreduva-vasheto-dete-09.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

6 работи кои НЕ треба да му ги кажете на родител кој го загубил своето дете „Сè се случува со причина“ – ова е најизлишната фраза што можете да ја искористи...
„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
Писмо од вашето дете до вас: „Мамо, не брзај да ме направиш возрасен, дозволи ми да бидам дете“ Мамо, покажи ми дека секогаш можам да зборувам со тебе. И кога ќе пораснам, ќе м...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
Како да препознаете дека вашето дете не ве почитува доволно? Детето кое не ги почитува вашите лични граници може да влезе во спалната соба бе...
7 најчести грешки кои ги прават родителите дури и без да забележат Дури и да ви делуваат смешни детските проблеми, во нивната глава тие се огромни ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg