Што да направите ако друг возрасен (јавно) го критикува и навредува вашето дете?

Покажете дека сте присутни, но потрудете се да не влегувате веднаш во расправија…

shto-da-napravite-ako-drug-vozrasen-javno-go-kritikuva-i-navreduva-vasheto-dete-01.jpg

Како родители, не ни е сеедно кога ќе видиме како некој друг возрасен го критикува (му вика или го навредува) нашето дете.

Сосема е нормално да се чувствуваме вознемирено и да чувствуваме силна потреба да го заштитиме своето малечко, но пред да влеземе во расправија и конфликт, добро би било прво да земеме предвид неколку работи.

Што треба да направите ако некој друг возрасен јавно го критикува вашето дете?

Покажете дека сте присутни

Тоа што ќе покажете дека сте присутни целосно ќе ги промени динамиката и начинот на говор.

Вашето дете ќе се чувствува безбедно и заштитено, затоа што личноста што го критикува мора да покаже почит кон вас, како негов врсник или како личност што е генерациски поблиску до неа.

На овој начин ќе дадете до знаење дека не се единствената личност со авторитет.

Исто така, можете да го копирате нивното држење на телото и ставот за да покажете дека сте сериозни и доверливи и целта ви е да го решите конфликтот.

shto-da-napravite-ako-drug-vozrasen-javno-go-kritikuva-i-navreduva-vasheto-dete-02.jpg

Проверете што се случило пред да реагирате

Никогаш немојте да настапувате гневно, туку обидете се да најдете логично решение за ситуацијата. Земете здив и распрашајте се што всушност се случило.

Земете предвид дека е сосема возможно вашето дете да згрешило, да повредило некого, да скршило нешто или, пак, да направило некоја друга беља.

Иако првично имате желба да ѝ се развикате на личноста што јавно го критикува вашето дете или го навредува, сепак обидете се да размислите што би направиле ако вие се најдевте на нивно место.

shto-da-napravite-ako-drug-vozrasen-javno-go-kritikuva-i-navreduva-vasheto-dete-03.jpg

Покажете му на детето дека го разбирате

Во таква ситуација, детето може да се чувствува уплашено или изгубено, па затоа е мошне важно да му покажете дека ги разбирате неговите емоции и ги вреднувате.

Спуштете се на негова висина и разговарајте за тоа што се случило. Обидете се да не го осудувате предвреме и дајте му можност да ви ја раскаже и својата страна од приказната.

Мора да му покажете на детето дека го разбирате, ако сакате да ве разбере и да ги прифати советите што му ги давате.

shto-da-napravite-ako-drug-vozrasen-javno-go-kritikuva-i-navreduva-vasheto-dete-04.jpg

Бидете директни со другата личност

Често се смета дека ако нешто кажете директно, ќе бидете сфатени како некултурни или безобѕирни, но на сите ни е јасно дека е многу подобро некои работи да се кажат отворено.

Бидете искрени со другата личност. Љубезно објаснете дека вашето дете е ваша работа и дека би ви било драго ако се обидат да се воздржат од коментари.

Исто така, (ако се родители) прашајте ги како ќе се чувствуваат ако вие го дисциплинирате или го навредувате нивното дете.

shto-da-napravite-ako-drug-vozrasen-javno-go-kritikuva-i-navreduva-vasheto-dete-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
Како да препознаете дека вашето дете не ве почитува доволно? Детето кое не ги почитува вашите лични граници може да влезе во спалната соба бе...
9 типа на однесување на родителите, што им се враќаат како бумеранг (низ илустрации) Ги издавате тајните на детето пред сите или го карате кога ќе ви се довери. Му в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg