„Моето дете ќе јаде што сака – Учителката на ќерка ми забранила колачиња во градинка, јас ѝ напишав порака“

Дали е во ред на децата да им даваме колачиња за во училиште или во градинка и да ги охрабруваме дека може да јадат кога сакаат без да водат грижа што зборуваат наставниците и негувателите?

moeto-dete-kje-jade-shto-saka-uchitelkata-na-kjerka-mi-zabranila-kolachinja-vo-gradinka-jas-i-napishav-poraka-01_copy.jpg

Мајка на 3-годишно дете објави видео со кое предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.

Негувателката во градинката во која оди ќерката на оваа мајка, која на ТикТок се потпишува како Керолин, вовела правило според кое децата прво треба да ја изедат „добрата“ храна (овошјето, зеленчукот и сендвичот), а потоа може да јадат „лоша“ храна (колачи и слатки).

„Се чувствував исфрустрирано од застареното тврдење на учителката, па ѝ реков на ќерка ми: ‘Па тоа е смешно. Нема добра или лоша храна. Храната е само храна’“ – вели мајката во видеото.

moeto-dete-kje-jade-shto-saka-uchitelkata-na-kjerka-mi-zabranila-kolachinja-vo-gradinka-jas-i-napishav-poraka-02.jpg

Таа вели дека сака да го заштити своето дете од лошите наративи за храната со кои израснала, па затоа одлучила следниот ден да остави писмо во кутијата со појадок на ќерка ѝ на која пишувало:

„Здраво. Евелин има наша дозвола да го јаде појадокот по распоредот што нејзе ѝ одговара. Не постои ‘лоша’ или ‘добра’ храна, туку само храна! Ви благодарам!“

moeto-dete-kje-jade-shto-saka-uchitelkata-na-kjerka-mi-zabranila-kolachinja-vo-gradinka-jas-i-napishav-poraka-03.jpg

Според некои истражувања, голем број од младите луѓе се премногу загрижени за изгледот на телото и за храната што ја внесуваат, а тоа е резултат на тоа што од најмала возраст им се наметнува погрешен наратив за храната.

Голем број мајки и учителки застанаа во одбрана на мајката во коментарите и велат дека воопшто не е важно по кој редослед децата ја јадат храната, сѐ додека јадат нешто.

„Како учителка во градинка, секогаш се обидувам да ги натерам децата да јадат барем дел од нивната храна за да имаат сила да си играат, но не сум им рекла на децата дека постои лоша или добра храна“;

„Како учителка ве поддржувам! Ме нервира кога учителите се прават дека се нутриционисти, психолози, највешти родители кои знаат сѐ што ни се случува дома“;

moeto-dete-kje-jade-shto-saka-uchitelkata-na-kjerka-mi-zabranila-kolachinja-vo-gradinka-jas-i-napishav-poraka-04.jpg

Но, има и такви што веруваат дека оваа реакција на мајката е претерана:

„Сигурна сум дека учителката не сакала да биде злобна... Можеби би било подобро да разговарате со неа, отколку да пратите пасивно агресивна порака во кутијата со појадок на ќерка ви“ – стои во друг коментар.

@pezzi.shop

Here’s the story: My three-year-old came home from school yesterday, telling me that her teacher told her that she had to eat all of her “good” foods before she ate her “bad” foods. She couldn’t have her cookie before eating her sandwich and cucumbers. In this moment, I felt a little frustrated by the antiquated instruction from the teacher, but I responded saying, “Well that’s silly. There are no good foods or bad foods. Food is just food!“ I will say, this was not my internal dialogue growing up, but because of the information that I have from so many great accounts created by moms and experts, in the field of childhood and nutrition, I am armed with better responses, knowledge and practices for my kids. Three years old. At three years old someone has told her that foods are good or bad. I am so proud that she had sensed something was off - to know that was not right enough to tell me about it. We talk about it all the time at home… If you only eat carrots or broccoli your body won’t have protein it needs to grow strong muscles. If you only eat chicken, your body won’t have enough energy to do things like run and play all day long. We need little bits of everything to make sure that we are able to learn and play and grow all day long. So to the accounts that make sure we have the words, knowledge and confidence to write the note and practice it at home, I thank you, thank you, thank you. It has changed our family for the better. What you do and what you share is so important to young families. #kidsnutrition #kidseatincolor #solidstarts #kidfood #babyledweaning toddlers moms babies family @Jennifer Anderson, MSPH RD @Feeding Littles @Kacie Barnes, MCN, RDN @Food Science Babe

♬ It's All Right I Got Ya Baby - Neon Dreams

Што мислите вие? Во ред ли е воопшто да им ставаме колачиња и чоколади на децата за во училиште и да ги обвинуваме наставниците и негувателките што се обидуваат да ги научат да се хранат здраво?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg