Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне)

„Зошто го удри“ или „Зошто се степа“

Кога детето ќе влезе во конфликт, важно е да ја откриете причината.

Но, немојте да тргнете со овие прашања. Со овие фрази вие му кажувате на детето дека насилството е во ред доколку е оправдано.

И, ако ова се повторува, детето ќе сфати дека насилството е начин за решавање проблеми и конфликти.

Наместо тоа, научете го детето дека не треба да влегува во физички пресметки и да пробува да ги решава конфликтите на мирен начин.

Ако се чувствува загрозено, советувајте го да побара помош од возрасен, како наставник или од вас.

frazi-shto-ne-treba-da-mu-gi-kazhuvate-na-deteto-ako-sakate-da-bide-srekjno-koga-kje-porasne-05.jpg

„Ти си најпаметен/а“

Треба да му давате комплименти на вашето дете, но немојте да го учите дека е подобро од сите.

Со ова, ќе го претворите детето во вообразена личност којашто сите ќе ја избегнуваат.

Научете го детето да ги цени своите квалитети, но и да ги почитува туѓите.

frazi-shto-ne-treba-da-mu-gi-kazhuvate-na-deteto-ako-sakate-da-bide-srekjno-koga-kje-porasne-06.jpg

„Најважно е да се омажиш“

Ако на вашата ќерка ѝ всадите дека најважното нешто во животот е да се омажи, без разлика на сè, многу е поверојатно кога ќе порасне да остане во токсична врска.

Наместо тоа, научете ја да не останува со токсичен партнер кој не ја почитува, која ја малтретира и слично.

Научете ја дека кога ќе дојде време, ќе сретне партнер соодветен за неа и не мора да брза да стапи во брак со првиот на којшто ќе налета.

Истото важи и за момчињата.

frazi-shto-ne-treba-da-mu-gi-kazhuvate-na-deteto-ako-sakate-da-bide-srekjno-koga-kje-porasne-07.jpg

„Машките мора да бидат силни“

И машките може да плачат, да бидат емотивни, да бидат грижливи…

Ако сакате вашиот син да порасне во добра личност, со емпатија и разбирање за другите, ако сакате да биде добар сопруг и татко, немојте да го критикувате кога ќе ги покаже своите емоции.

Немојте да го учите да ги потиснува своите чувства бидејќи во иднина, со ова ќе си наштетува и самиот на себе.

frazi-shto-ne-treba-da-mu-gi-kazhuvate-na-deteto-ako-sakate-da-bide-srekjno-koga-kje-porasne-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg