9 најубави имиња за момчиња и девојчиња родени во февруари

Имињата во февруари често се врзуваат со Денот на виното и Денот на заљубените. Но, ако не знаете кое име да им го дадете на својот син/ќерка кои ќе се родат наскоро, погледнете ги овие 9 предлози...

valentin-nina-chisti-i-mokjni-iminja-sovrsheni-za-momchinja-i-devojchinja-rodeni-vo-fevruari-01.jpg

Доколку треба да станете родители во февруари, а уште не сте 100% сигурни за името на вашето новороденче, прочитајте ги овие предлози - имиња за момчиња и девојчиња кои се поврзуваат со Денот на виното и Денот на заљубените, кои асоцираат на чистотата на снегот и првите цвеќиња...

Кое име можете да му го дадете на својот син или ќерка ако се родат овој февруари?

Имиња за момчиња родени во февруари:

Давид

Ова име има едноставно значење - „сакан“.

Борис

Име со руско потекло кое значи „волк“ или „снежен леопард“.

Сретен

Ова старословенско име има значење „најден“ или „добиен“.

Трифун

Старинско име кое се врзува со празникот на виното и лозарите, а кое и денес им се дава на децата родени околу 14-ти февруари.

Валентин

Прекрасно име со латинско потекло кое значи „здрав“, „силен“.

valentin-nina-chisti-i-mokjni-iminja-sovrsheni-za-momchinja-i-devojchinja-rodeni-vo-fevruari-02.jpg

Имиња за девојчиња родени во февруари:

Нина

Во превод Нина значи „онаа што е блага“ или „онаа што е милостива и благородна“.

Љубица

Потекнува од името на цвеќето темјанушка (љубичица), кое е познато по својата убавина и прекрасна боја, па се верува дека такво ќе биде и девојчето што ќе го носи ова име.

Милена

Ова име означува љубов, топлина и милост.

Валентина

Женска верзија на името Валентин, а кое исто како и машкото име значи „силна“ и „здрава“.

valentin-nina-chisti-i-mokjni-iminja-sovrsheni-za-momchinja-i-devojchinja-rodeni-vo-fevruari-03.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Македонска мајка со порака: „Знам колку е тешко родителството, но на децата не им се потребни екрани... „Не осудувам никој, знам колку може тешко и напорно да биде родителувањето некои...
11 застарени правила за воспитување на кои денес се смееме Нова облека се купува само ако ја скинеш старата, а децата што биле слаби се сме...
7 правила за воспитување од нашите баби и дедовци што треба да се применуваат и денес Децата треба да си играат надвор и во ред е некогаш да им биде здодевно. Деца...
Д-р Рајовиќ: ,,Играчката вреди толку колку што детето чекало да ја добие’’ „Некогаш важеше правилото: ‘голем празник – голема играчка’. Ако не ги научиме д...
Што да направите ако детето ви се изгуби на плажа? Советувајте го да стои во место, а не да ве бара низ плажата и осигурете се дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg