„Ајде да ја оставиме мама да се наспие, можеби тогаш нема да биде толку намуртена“

ajde-da-ja-ostavime-mama-da-se-naspie-mozhebi-togash-nema-da-bide-tolku-namurtena-01.jpg

„Ајде да ја оставиме мама денес да се наспие, можеби тогаш нема да биде толку намуртена“, мојот 5-годишен син му прошепоти на мојот сопруг едно утро.

Таа реченица ме погоди право во срце. Да, јас сум намуртена мајка. Секако дека сум.

Всушност, свесна сум дека мојот син внимателно го избрал тој збор – намуртена, бидејќи во последно време моето расположение беше буквално како да имав нервен слом.

Еве, земам длабок здив. Дури и ако сум вознемирена поради нешто што тој направил (или не направил) корените на моите емоции беа многу подлабоки и покомплицирани од сè што се случуваше во тој момент.

Сфатив дека без разлика колку и да се трудам да го потиснам бесот и тагата некаде длабоко во себе, тие неизбежно ќе избијат во еден момент како вулканска лава, во форма на фрустрација и раздразливост. Тоа беше посилно од мене.

Грижата за себе не е доволна за исцрпените мајки да бидат добро.

Никој не ни кажува дека најтешкиот дел од родителството е моментот кога треба да останеме добри родители во вистинска смисла на зборот, дури и кога поминуваме низ најтешките периоди од животот.

Понекогаш, да имаш дете е најлесниот и најубавиот дел од животот.

Да бидам искрена, се наоѓам во еден од оние тешки и болни периоди од животот - живеам опкружена со неизвесност, болка, промени, отпор кон промените.

Но, како ова чувство да не го префрлам и врз мојата улога на родител? Како моето дете да не трпи и страда и да вели дека сум намуртена?

„Се почувствував толку лошо кога нашиот син го кажа тоа за тебе“ ми призна сопругот подоцна тој ден.

„Знам дека си намуртена и лута поради мене, и не сакам да те гледам таква. Ти си добар човек и прекрасна мајка, но нашите проблеми го спречуваат нашиот син да го види тоа“.

Маж ми беше во право - јас сум таа што дозволив проблемите да влијаат врз моето расположение, а мојот син го добива само најлошиот дел - намуртената верзија од мене.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
„Сопругот побара старателство за кучето, а децата ми ги остави мене“: Неверојатни приказни за развод... „Со поранешниот сопруг 3 пати се мажев и 3 пати се разведувавме. Прво тој ме изн...
„Свекрвата ни плати за хотел, но сака да спие во истата соба со мене и сопругот – тој ја поканил“ „Бев многу благодарна што свекрвата понуди да ни ја плати хотелската соба за пат...
На 40 години конечно сфатив - мама беше во право! На секој мој несмасен обид да се вратам во времето и да поправам сè, мајка ми се...
Предности и недостатоци на раѓање дете по 35-тата година, според мајки „Го родив син ми на 42 години и не жалам за ништо. Бев посамоуверена и ми беше м...
„Шампонот за суво миење е најдобар пријател“: 10 работи кои никој не ѝ ги кажува на новопечената биз... „Ручекот со пријателките е луксуз, а не секојдневие“, „Озборувањето на кафе, ќе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg