Што да направите ако детето ви се изгуби на плажа?

Советувајте го да стои во место, а не да ве бара низ плажата и осигурете се дека ги знае основните податоци како име, презиме и телефонски број.

shto-da-napravite-ako-deteto-vi-se-izgubi-na-plazha-01.jpg

За родителите, веројатно не постои поголем кошмар од тоа да им се изгуби детето на плажа или воопшто додека се на летување во друга држава.

Слична ситуација имаше неодамна , кога Македонец пронајде 3-годишно девојче во Грција кое било изгубено.

Македонецот сподели фотографија од девојчето на Фејсбук страницата „Грчка инфо“, која сега е избришана, со тоа почнувајќи потрага по нејзините родители.

Тој пријавил и во полиција, а девојчето му кажало дека се вика Марија и зборувало српски.

Целата ситуација заврши среќно – полицијата успеала да ги лоцира родителите на малата Марија, а и на Фејсбук групата беше споделено дека веќе се на пат кон полициската станица каде што е ќерка им.

Малата Марија дефинитивно имала среќа што налетала на добра личност, но ова не е гаранција кога секојпат ќе се изгуби некое дете.

shto-da-napravite-ako-deteto-vi-se-izgubi-na-plazha-03.jpg

Па, што да направите доколку некогаш се најдете во ваква ситуација?

Разговарајте со детето пред да одите на одмор

Ова е тема на која родителите не сакаат ни да помислат, но од голема важност е вашето дете да биде свесно за опасноста.

Зборувајте со детето, користејќи зборови соодветни за неговата возраст.

На плажа каде што има стотици луѓе, на децата може да им биде тешко да ги препознаат родителите ако малку се оддалечат од нив.

Па, нагласете му на детето дека не треба да се оддалечува од вас, ни за миг, и ако сака да оди подалеку, секогаш да оди со вас, а никако само.

shto-da-napravite-ako-deteto-vi-se-izgubi-na-plazha-06.jpg

Кажете му што да прави ако се изгуби

Ако детето сепак не може да ве лоцира во метежот на плажа, важно е да знае како може самото да си помогне.

Најпрво, кажете му од кого може да побара помош.

Советувајте го да не бара помош кај кого било, туку да се обрати кај вработени во ресторан, бар или што било што има во близина, а да не е многу далеку од местото каде што се изгубило.

Ако има чувари на плажата, нека се упати кај нив.

Ако забележи мајка со деца, може да побара помош и кај неа, но секогаш е побезбедно да се обрати кај вработени во ресторан и слично.

Потоа, нагласете му да не шета низ плажата да ве бара, туку да остане на истото место.

Ако детето постојано се движи, постои можност да се разминете. Но, ако стои во место, поголема е веројатноста да го најдете.

Но, можеби најдобро е однапред да се договорите каде детето да ве чека доколку ве изгуби од поглед.

Одберете повпечатливо место на плажата кое детето лесно може да го лоцира доколку се загуби.

Ако не може да ве види, кажете му да оди на тоа место, па вие веднаш ќе знаете каде да го најдете.

shto-da-napravite-ako-deteto-vi-se-izgubi-na-plazha-04.jpg

Нека запомни некои основни информации

Потрудете се детето да знае некои основни информации со кои другите полесно ќе ве лоцираат доколку го најдат.

Детето треба да го знае следново:

  • Неговото име и презиме
  • Вашето име и презиме
  • Вашиот телефонски број
  • Препорачливо и вашата мејл адреса

Ако не сте на плажа и детето носи облека, можете да ги запишете овие податоци на лист хартија и да му ги ставите во џебот.

Ако се изгуби, советувајте ги да му ги даде на продавач, келнер или слично.

shto-da-napravite-ako-deteto-vi-se-izgubi-na-plazha-02.jpg

Однапред проверете ги броевите за итни случаи во земјата во којашто одите

Пред да тргнете на патување, запишете ги сите броеви за итни случаи за земјата во којашто патувате – полиција, брза помош, пожарна…

Доколку сте во Грција (или каде било во Европска Унија), запомнете го бројот 112.

Ова е европски број за сите итни случаи и повикот е бесплатен.

Всушност, од неодамна овој број е активен и кај нас, во Македонија.

shto-da-napravite-ako-deteto-vi-se-izgubi-na-plazha-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Трикови со кои полесно ќе го „преживеете“ одењето на фризер со дете Кога станува збор за детско потстрижување, добро е да посетувате салони кад...
9 најубави имиња за момчиња и девојчиња родени во февруари Имињата во февруари често се врзуваат со Денот на виното и Денот на заљубените. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg