Драгана од Србија е мajка на 4 деца: „Нè убедуваат дека е сеедно дали градиме семејство или кариера, но не е така“
„Нашата моќ е огромна. Да се биде мајка е возвишено. Тоа е посебна улога која бара многу напор, промислување, стратегија, одрекување, давање и служење“, вели Драгана Петковиќ од Србија.
Драгана Петковиќ од Србија е мajка на 4 деца која постојано споделува видеа на Инстаграм на тема родителство и брак и дава совети, базирани на нејзиното лично искуство.
Во едно од последните видеа, таа вели:
„Замислете ги зад себе вашите баба и мајка, а пред себе своите деца, внуци, правнуци.
Каква семејна фотографија! Ние го создаваме овој свет.
И колку и да нè убедуваат дека тоа не е важно и дека е сеедно дали градиме семејство или кариера, дека тоа е подеднакво важно...
Јас сакам да споделам дека сметам дека е многу важно што ги растеме нашите деца во здрави, самостојни, добронамерни личности, на кои им ги пренесуваме вистинските вредности, затоа што на тој начин градиме подобар свет за утре и за иднината.
Ние креираме каков ќе биде светот. Ние ја носиме светлината. Сите наши грижи не се залудно тука, ние длабоко во себе чувствуваме колку тоа е пресудно.
Нашата моќ е огромна. Да се биде мајка е возвишено. Тоа е посебна улога која бара многу тренинг, промислување, стратегија, одрекување, давање и служење.
Ова што го правиме не сме избрале да го правиме само за себе, тоа остава печат од ден на ден, ние сме дел од кругот на животот, кој го менува светот“.