Мајки од Македонија откриваат за CRNOBELO: „Кој ни ги чува бебињата по породилното - баби, дадилки или градинка?
Бабата ни беше спасот
Баба е херојот во приказната на 44-годишната Снежана Митровска, мајка на две ќерки, 12 и 15 години. Таа вели дека нејзината постара ќерка имала една година кога ја запишале во градинка.
„Таа никогаш не се навикна на градинката. Секој ден беше нова борба, или беше плачење, или нејадење или неспиење, плус настинки и вируси“ – појаснува таа.
„Почесто беше дома отколку во градинка“ – додава Снежана и вели дека најголемиот проблем била храната во градинка. „Дури и почна на спие, но не сакаше да јаде во градинка, па затоа ја отпишавме и во тој момент мојата мајка беше мојот спас“ – раскажува таа.
Нејзината мајка, тогаш дала отказ на работа за да се грижи за својата внука, но и за нејзината ќерка да не го изгуби работното место.
„И до ден денес, мојата постара ќерка е миленица на баба ѝ“ – вели Снежана, која вечно ќе ѝ биде благодарна на мајка си за грижата за нејзините ќерки.
„Втората ќерка воопшто не ни ја пративме во градинка. А и мојата мајка се грижеше и за синовите од мојата сестра. Таа си направи мини градинка дома со четири внуци“.
Снежана вели дека не знае што би се случило ако нејзината мајка не го жртвувала своето работно место за да се грижи за внуците.
Секоја мајка со својата приказна, нема точно или погрешно, само различни искуства. За некои градинките се одлично место каде што нивните деца се згрижени осум часа, со редовни оброци и активности, а други пак сакаат дадилки кои ќе им го посветат вниманието само на нивното малечко, заштитувајќи од вируси додека не го добие потребниот имунитет. И, секако, бабите, тие се нашите херои.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови и фотографии е казниво со закон.
И. Ј.| Црнобело / фото: depositphotos.com