Мајки од Македонија откриваат за CRNOBELO: „Кој ни ги чува бебињата по породилното - баби, дадилки или градинка?

Наташа Ивановска од Скопје, мајка на две деца, две и пол годишната Марта и синот Михаил, кој наскоро ќе полни два месеци, за CRNOBELO.com вели дека се одлучила да ја прати ќерката во градинка најмногу поради социјализацијата со врсници. „Но, во Аеродром полесно е да запишеш дете на факултет, отколку во државна градинкa“, вели таа. Бабата, пак, е херојот во приказната на 44-годишната Снежана Митровска, мајка на две ќерки. Што мислите вие – градинка, дадилка или баба е најдобрата опција за бебе во Македонија?

vecna-dilema-koj-da-gi-cuva-bebinjata-dodeka-mama-e-na-rabota-babi-dadilki-ili-gradinka-01.jpg

Тоа е таа вечна дилема која ги мачи сите родители, што кога ќе ѝ заврши на мама породилното? Кој ќе се грижи за нашето малечко?

Дали да ја викнеме баба, која најчесто ги разгалува внучињата, но ѝ веруваме дека ќе даде беспрекорна нега, грижа и љубов?

Дали да се бара дадилка со или без искуство, жена за чување која ќе се води според сите потребни принципи за чување на дете и следење на неговиот развој?

Или пак, градинка, можност за социјализација со врсници, за дружење, за игра, можеби по некоја плачка или вирус, но секако децата ќе научат да делат и да бидат несебични другари?

vecna-dilema-koj-da-gi-cuva-bebinjata-dodeka-mama-e-na-rabota-babi-dadilki-ili-gradinka-01_copy.jpg

Три избори, секој со своите предности и мани. Некои родители се одлучуваат на помош да ја повикаат баба, онаа втора мајка која несебично си го чува своето внуче со сета љубов на светот спакувана во највкусните јадења, најтоплите прегратки и бескрајно трпение.

Други, пак, се одлучуваат за дадилка, која ќе се грижи за бебето додека мама е на работа. А за трети, пак, најлогичен и најпрактичен избор се градинките, државни или приватни, блиску до дома или до работното место, со сите оброци и време за дремка, однапред одредени.

Четири мајки го споделуваат своето искуство за CRNOBELO.com, за една бабата била спасот, друга, пак, се одлучила за дадилка додека синот не развие имунитет, а на две oд мајките децата им се во градинка.

Нивните приказни:

Најтешко искуство беше поаѓањето на ќерка ми во градинка

Наташа Ивановска од Скопје, мајка на две деца, две и пол годишната Марта и синот Михаил, кој наскоро ќе полни два месеци, вели дека се одлучила да ја прати ќерката во градинка најмногу поради социјализацијата со нејзини врсници.

„Се одлучив за градинка заради социјализација, јадење оброци како што јадеме ние и ред на функционирање.

Марта бегаше и се плашеше од деца, обично сакаше да игра сама, нè бараше само мене, татко ѝ и баба ѝ.

Јадеше само блендирани каши, одбиваше да јаде непасирана храна. За да не биде гладна попуштавме на секое нејзино одбивање да дадеме веќе изблендирана каша.

Тоа траеше сè додека не почна да јаде супа со парчиња морков и кнедли, гледајќи го своето братучетче и тоа беше втората причина што поскоро да ја пратиме во градинка, со надеж дека гледајќи ги децата како јадат, ќе јаде и таа.

И, нормално, редот што го поставува градинката ќе беше бонус придобивка“, објаснува оваа млада мајка, додавајќи дека целиот процес на запишување во градинка бил комплициран.

vecna-dilema-koj-da-gi-cuva-bebinjata-dodeka-mama-e-na-rabota-babi-dadilki-ili-gradinka-02.jpg

„Во Аеродром полесно е да запишеш дете на факултет, отколку во државна градинкa.

Пополнивме апликација на страната на градинката кога имаше година и шест месеци, и нормално четири месеци чекавме повик од градинката.

Формално ја запишаа на 1-ви ноември, но мораше да прими ММР вакцина, така што ни се одолговлечи поаѓањето до 2 години и некој месец“, вели Наташа.

Таа вели дека за неа, како мајка, целото поаѓање во градинка било досега најтешкото искуство.

vecna-dilema-koj-da-gi-cuva-bebinjata-dodeka-mama-e-na-rabota-babi-dadilki-ili-gradinka-03.jpg

„Имавме подготовка од шест месеци со зборување за градинката, секојдневно шетање дотаму да ги види децата во дворот.

Не беше со многу плачки и негодувања, некако прифати, но како и секоја адаптација во градинка, така се случи и со нашата, нè стигна неизбежното одење три дена во градинка, па три седмици болна дома од бактерија или некој вирус и еве трае до денес, за жал“ вели таа и додава дека за полесно да поминат во целиот тој процес голема улога имала една од негувателките во градинка, која се заложила да ја адаптира.

„Жената си е родена за работа со деца. Иако не ѝ е воспитувачка, ниту негувателка сега, Марта сè уште си ја споменува и ја бара“ – вели Наташа за воспитувачката која нејзината ќерка ја засакала.

На прашањето дали е задоволна од градинката и целиот персонал таа вели дека е задоволна, но повеќе ѝ пречат несовесноста на другите родители и тоа што капацитетот на градинката е помал од бројот на деца кои се запишани.

„Бидејќи ова е една од поновите градинки, видно е посредена и барем делува доста чиста. Постојано сум известена за сè што треба и гледам дека се трудат да има постојано активности за децата.“

vecna-dilema-koj-da-gi-cuva-bebinjata-dodeka-mama-e-na-rabota-babi-dadilki-ili-gradinka-04.jpg

Како опција за второ дете, таа вели дека размислувала и сè уште размислува за дадилка.

„Проблем со дадилките е што се дефицитарни и тешко се наоѓаат такви на коишто можеш целосно да им го довериш детето.

Би се одлучила на ангажман по солидна препорака од некој чија процена и мислење ми значи и ги ценам. Дури би можело да ангажирам и некоја студентка која има струка поврзана со психологија, социјална работа или педагогија. Не мора тоа да се исклучиво жени во поодминати години“ – додава Наташа.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg