„Јас сум мрзлива домаќинка - не сум куќна помошничка на семејството и често имам неред дома“

Млада мајка и домаќинка од САД редовно предизвикува дебати со нејзините ТикТок видеа. Себеси таа се нарекува „мрзлива домаќинка“ и вели дека многу повеќе сака да минува време со децата, отколку во средување на хаосот во домот. На нејзините видеа, често го покажува и нередот во куќата.

jas-sum-mrzliva-domakjinka-retko-chistam-i-ne-sum-kukjna-pomoshnichka-na-semejstvoto-01.jpg

Иако денес е поретко, во многу брачни заедници партнерите одлучуваат едниот од нив да биде домаќин/ка, а другиот да оди на работа.

Во повеќето случаи, жените се тие кои остануваат дома, но ова воопшто не значи дека по цел ден не прават ништо.

Во овој случај, додека вработениот партнер е одговорен за финансиите, оној кој останува дома е одговорен за домот и сите домашни обврски.

Сепак, 25-годишна домаќинка од САД има друг став за оваа динамика, со кој го подели мислењето на јавноста, а се соочи и со критики.

Аманда Роуз има ТикТок профил каде што редовно споделува видеа од нејзиното секојдневие.

Таа самата се нарекува „мрзлива домаќинка“, а на повеќето нејзини видеа го покажува нередот во домот.

Едно од видеата, насловено „Утрото на мрзлива домаќинка“, има 6,4 милиони прегледи, а во него Аманда го покажува нередот во домот и открива дека преферира да чисти наутро.

Во мијалникот во кујната има куп садови кои Аманда ги мие, а во другите соби има расфрлено облека и играчки кои во видеото таа ги средува.

„Многу луѓе се прашуваа како си легнувам кога домот ми изгледа толку несредено или кога сум оставила храна преку ноќ. Одговорот е многу едноставен, само си ги затворам очите и спијам.

Секое утро го почнувам со средување од вечерата од претходната ноќ. Потоа продолжувам кон дневната соба. Обично наоѓам многу остатоци од храна и денес најдов и мравка.

Овде сум за да го нормализирам ова и ако некои од вас мислите дека ова не е нормално, за некои од нас ова е нормално. Ова е моето нормално.

Јас сум мрзлива домаќинка и мајка, но само затоа што сум мрзлива, не значи дека не правам ништо во текот на денот. Едноставно, правам други работи, како прошетка во паркот со моите деца. Да, можам и да чистам, но, се нарекувам мрзлива со причина“, вели таа во видеото.

@_amanduhh__

Replying to @Andrea Castrejon Have a great day today! #momsoftiktok #momlife #cleantok #cleaning #cleaningtiktok #lazymom

♬ Speed Drive (From Barbie The Album) - Charli xcx

„Јас сум мајка и домаќинка, но не сум куќна помошничка. Чистењето е обврска на домаќинките и јас чистам, но чистам сè одеднаш и потоа им дозволувам на децата да прават неред“, вели Аманда

@_amanduhh__

Judge me if you want 🤷🏼‍♀️ #momlife #momsoftiktok #momsontiktok #momsontiktokbelike #parentsoftiktok #motherhood #fyp #toddlersoftiktok #babiesoftiktok #girlmom #foryou #mamasoftiktok #mama #firsttimemom #newmom #productivity #productivemorningroutine #productivemom #sahm #sahmlife #cleantok #bloompartner @Bloom Nutrition

♬ Speed Drive (From Barbie The Album) - Charli xcx

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
„Јас сум една од најлошите баби - зошто сум строга со внуците?“ „Знам да бидам дури злобна на моменти со внуците и луѓето ми велат дека сум прес...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
Мајка стана мета на критики: „Моите деца минуваат и 10 часа дневно пред екран – како да имаме беспла... Мајка од Англија се соочи со критики, откако откри дека им дозволува на децата д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg