„Тешко ми е да го сакам мојот 3-годишен син, ме иритира - се чувствувам како ужасна мајка“

„Се чувствувам ужасно што ќе го кажам ова, но син ми многу често ме иритира. Се исклучувам и почнувам да му викам бидејќи ми оди на нерви“, вели загрижена мајка за нејзиното тригодишно дете, барајќи совет на форум за родители.

teshko-mi-e-da-go-sakam-mojot-3-godishen-sin-me-iritira-i-se-chuvstvuvam-kako-uzhasna-majka-01_copy.jpg

Родителите имаат безусловна љубов за своите деца. Но некогаш, кога децата се непослушни, а родителите преморени, нормално е да почувствуваат гнев и други негативни емоции. А, потоа се чувствуваат виновно поради овие емоции.

35-годишна мајка од Англија се соочува со уште поголем проблем – таа вели дека нејзиниот 3-годишен син ја иритира, па ѝ било навистина тешко да го сака.

Таа ја сподели нејзината приказна на британскиот форум Baby Center и бара совет од мајки кои биле во слична ситуација.

teshko-mi-e-da-go-sakam-mojot-3-godishen-sin-me-iritira-i-se-chuvstvuvam-kako-uzhasna-majka-02.jpg

Нејзината исповед:

„Ова е навистина тешко за објаснување, но сакам да видам дали некој друг се чувствува исто или слично.

Навистина ми е тешко да минувам време со мојот син кој има три и пол години. Постојано се однесува лошо со мене, неучтив е, вика на глас, постојано бара нешто и никогаш не си игра убаво со неговата 1-годишна сестра. Се чувствувам како постојано да го карам. Навистина е проблематичен.

Се чувствувам ужасно што ќе го кажам ова, но многу често ме иритира. Се исклучувам и почнувам да му викам бидејќи ми оди на нерви. Се чувствувам како да сум пробала сè за да му го променам однесувањето кон мене, но знам дека јас сум виновна поради начинот на којшто се чувствувам поради него. Мора да пробам да ја подобрам ситуацијата бидејќи сум речиси преплашена да бидам околу него.

Имам посттрауматско стресно нарушување поради трауматичното породување со него. Исто така, имам и постпородилна депресија.

Мојата помала ќерка има една и пол година и имам многу поразлична врска со неа – уживам и сакам да сум со неа. Се плашам дека син ми ќе стане посвесен за мојот различен пристап, а не го сакам тоа“.

teshko-mi-e-da-go-sakam-mojot-3-godishen-sin-me-iritira-i-se-chuvstvuvam-kako-uzhasna-majka-05.jpg

Во коментари, многу родители ѝ даваат поддршка на мајката, а ги споделуваат и нивните слични искуства.

„Навистина сочувствувам со тебе. Многу се проблематични на таа возраст. Мојот најстар син беше како мало торнадо. Постојано ме викаа во градинка. Еднаш дури и касна едно дете.

Го давав најдоброто од себе, но беше тешко и плачев постојано. Многу го сакав, но некогаш не го сакав. Што ме спаси? Кога наполни четири години, го запишав на фудбал.

Сега има 12 години и некогаш има променливо расположение, но има добри оценки, многу пријатели, си ги завршува обврските. Забележав дека проблемот било тоа што му недостасувало внимание“.

teshko-mi-e-da-go-sakam-mojot-3-godishen-sin-me-iritira-i-se-chuvstvuvam-kako-uzhasna-majka-04.jpg

„Како јас да сум го напишала ова. Моите деца имаат 6, 4 и 1,5 година. Средното е кошмар, многу ми е тешко. Има интересен карактер и сите го сакаат. Но, различни сме и тешко ми е со него.

Изминативе неколку недели станува полесно, па мислам дека дефинтивно причина е возраста.

teshko-mi-e-da-go-sakam-mojot-3-godishen-sin-me-iritira-i-se-chuvstvuvam-kako-uzhasna-majka-03.jpg

Потоа мајката ја дополни својата исповед:

„Ви благодарам на сите. Дефинитивно мислам дека јас сум проблемот… Тој не е многу непослушно дете, туку само преминува некои граници и слично. Совршен е кога е во градинка, со татко му, со баба му и дедо му.

Претпоставувам дека е типично тригодишно дете и јас не знам како да се справам со него. Немам трпение.

Уште пијам антидепресиви по породувањето. Го надминав тешкото породување, но ми беше тешко да се поврзам со него кога беше бебе. Не го обвинувам него за тоа“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
„Јас сум една од најлошите баби - зошто сум строга со внуците?“ „Знам да бидам дури злобна на моменти со внуците и луѓето ми велат дека сум прес...
Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg