„Бев во Белград, го посетив Земун и кулата Гардош - посведочив на уникатна убавина“

Во последните години често одев во Белград, но никако не успевав да одвојам време и да го посетам Земун. Но, на моето последно патување таму, бев решен да одвојам време за Земун. Тоа ми беше на врвот на приоритети и активности кои сакав да ги остварам.

onie koisto sakaat da vidat poveke zemun i negovata unikatna ubavina 7

Бев сместен на Карабурма, па како најсоодветен ден за посета на Земун  ја избрав сабота.

И покрај прогнозата од претходните денови дека ќе паѓа дожд, во текот на целиот ден не падна ниту една капка, а сонцето препекуваше цело попладне. Се качивме во градски автобус и по 40 минути стигнавме во општината Земун, на десниот брег од Дунав.

Веќе однапред имав испланирано што да правам, затоа што така ми е најлесно да раководам со времето.

Прво се спуштивме до кејот и покрај реката Дунав продолживме да одиме кон Гардош, имавме за пешачење 2 километри. Имаше многу луѓе, возеа велосипеди, трчаа, пешачеа, грицкајќи пуканки…

Сплав до сплав, ресторан до ресторан, тезги со палачинки, сладолед, крофни, играчки… Имаше од сè по нешто.

onie koisto sakaat da vidat poveke zemun i negovata unikatna ubavina 1

Ако сте љубители на театарска уметност, тогаш задолжително да изгледате некоја претстава во „Мадленијанум“, прва приватна опера и театарска компанија во Србија.

Не проверив што беше на репертоарот и дали воопшто имаше нешто тој ден, но си дадов ветување на наредно доаѓање да изгледам некоја претстава од моите пријатели од Белград.

onie koisto sakaat da vidat poveke zemun i negovata unikatna ubavina 3

Искрено, најмногу ѝ се радував на градската населба Гардош, која е во склоп на Земун.

Оваа ридско место со тесни улички, скриени од масовниот остаток на Белград, ти овозможува слободно да пешачиш на калдрма стара со децении. Целата околина, заедно со малите куќарки и карактеристична архитектура им годи на очите.

Кога најпосле ќе се искачиш на самиот врв од ридот, те чека кулата Гардош – еден од најпрепознатливите симболи на Земун.

onie koisto sakaat da vidat poveke zemun i negovata unikatna ubavina 5

На сите срдечно им ја препорачувам оваа точка, погледот што ќе се открие пред вас навистина ќе ви ги испразни мислите барем минута-две.

Ова здание е едно меѓу последните траги од Австроунгарското царство на територија на денешна Србија. Ако се качите на ова 36-метарска кула, ќе може да уживате со поглед од 360 степени и истовремено ќе ви стане омилена точка од која нема да сакате да се поместите.

Во секој случај овој културно-историски споменик сè повеќе и повеќе станува посетувана локација и ги тера посетителите постојано да се навраќаат тука.

onie koisto sakaat da vidat poveke zemun i negovata unikatna ubavina 2

Кога се спуштивме на кејот, решивме да се одмориме во сплавот „Гугутка“. Навистина интересно среден, кој позитивно ме изненади. Со пиво пред себе, си ги споделивме импресиите од изминатиот ден.

onie koisto sakaat da vidat poveke zemun i negovata unikatna ubavina 4

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg