Најмали хотели на светот 1
Време е да се одлучите каде ќе одите на одмор, а ако оваа година сакате да избегате од вообичаените аранжмани погледнете ги најмалите хотели во...
...светот каде луксузот и неверојатната услуга се сместени на мал, но беспрекорен простор. Изберете го идеалниот хотел за да уживате на идеално летување...
Yotel е аеродромски хотел каде луксузот станува минијатурен. Замислете си малецка соба со бежичен интернет, плазма телевизор и 24 часовна собна услуга. Основната идеја на хотелот е да се соединат луксузното сместување со погодната локација и разумните цени.
Досетливиот креативен дизајн на ентериерот овозможува максимален комфор во минимален простор.
Вакви хотели има веднаш до пријавницата на аеродромите Heathrow и Gatwick во Лондон и Schiphol во Амстердам, а престојот чини од 25 до 80 фунти во зависност од тоа дали ќе одберете обична или premium соба.
На островот El Hierro, дел од Канарскиот архипелаг, се наоѓа необичниот камен хотел наречен Punta Grande кој е се` само не луксузен.
Ова е вистинско прибежиште за оние на кои им се смачени урбаните простори и обичните хотелски соби. Хотелот е сместен навистина блиску до водата, па високите бранови често ги удираат неговите ѕидови. Освен неверојатната локација и нема што да се каже за ова место - тука се доаѓа да се заборави на градската врева.
Еднособниот хотел во Angkor, Камбоџа, е идеја на американскиот хотелиер Martin Dishman кој по долгогодишната работа во Калифорнија се пресели во Азија.
Освен фактот што има само еден апартман The One Hotel Angkor има се` што имаат и обичните хотели - рецепција, портир, собна услуга... Посетителите уживаат во прекрасно наместената соба, каде на располагање имаат телевизор, iBook и iPod.
Бањата е опремена со отмена када за двајца и „rainfall“ туш, а џакузито ќе го најдете на приватната тераса на покривот! Гостите на располагање имаат професионален масер, па спа центарот ќе се создаде онаму каде што ќе посакате.
Овој рајски хотел нуди беспрекорна приватност и неверојатна услуга - бидејќи сте единствени гости го добивате целото внимание на вработените кои ви даваат мобилен телефон кога пристигнувате и секое ваше барање е на само еден повик од исполнувањето.
Цената за едно ноќевање е околу 200 евра.