Одмор од соништата на Малдивите
Kurumba Maldives е првиот приватен остров на Малдивите кои речиси 40 години е на врвот на посетеност. Kurumba го носи името според вид на кокос кој расте во изобилство во овој тропски рај.
Во центарот на сите природни богатства, луксузно опременото одмаралиште е уште еден начин да се зголеми задоволството при самата посета на овој остров. Модерно и топло опремени апартмани, широки тераси, удобни лежалки и современо опремени базени се луксузот во кој секој посетител има можност да ужива.
Совршеното одморалиште со пет ѕвезди е прекрасно место за одмор, уживање и релаксација без оглед на возраста и интересите.
Песочните плажи и тиркизно чистата вода на Индискиот Океан се уживање кое ниту еден посетител нема да го заборави.
Зарем не изгледа како вашиот одмор од соништата?