Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир

Кога подолго време не живееш во родната земја, често ќе се најдеш во ситуацијата кога во скриените агли на твоите мисли, од нигде никаде, ќе се отвори галерија од спомени кои те враќаат во добропознатите предели на татковината или, во овој случај, предели на Македонија...

mesta koi mi nedostigaat vo makedonija seloto vo koe izrasnav manastir koj nosi mir vodopad sto odzema zdiv 2

Не дека тука ми е лошо и нема што да се види, далеку од тоа! Но, сепак, спомените на минатото кои врз мене имаат оставено неизбришливи траги често ми изнудуваат насмевка на лицето и ме тера да размислувам за оние места на кои постојано им се навраќам во Македонија.

Секогаш и секаде – селото Јачинце е потсетник на моето детство. Израснав во семејната викендичка, на дваесеттина километри од Куманово, заедно со баба ми и дедо ми, многубројните приказни, широкиот хоризонт, реката која ја гаснеше летната жега и легендите во кои слепо верував.

Никој, па ни јас не сака да избега од спокојот и играта што ги носеа детските години.

mesta koi mi nedostigaat vo makedonija seloto vo koe izrasnav manastir koj nosi mir vodopad sto odzema zdiv 6

Исто така, при срце ми е и селото Љубојно кое се наоѓа во близина на Преспанско Езеро. Иако го имам посетено неколкупати, секогаш ме плени историјата и традицијата на оваа село.

Дури и кога сум во странство, пребарувам за новостите околу реновирањето на училиштето „Димитар Влахов“ во кое се има одржано првиот час на македонски јазик во Преспа.

Освен тоа, во Љубојно го имам јадено и најубавото слатко од јагоди! Што повеќе ти треба од тоа?

mesta koi mi nedostigaat vo makedonija seloto vo koe izrasnav manastir koj nosi mir vodopad sto odzema zdiv 7

Место кое исто така ми е при срце е Бислимска Клисура која се наоѓа во близина на Куманово. Мислам, сосема разбирливо е!

Ова место ми овозможуваше бегство и засолниште од секојдневието додека живеев во Македонија. Редовно го посетував, без разлика дали на час-два или целодневна екскурзија со можност да се видат што е можно повеќе пештери и, секако, да се открие нешто ново.

За време на оние самостојни посети, сум водел доста длабоки разговори сам со себе.

mesta koi mi nedostigaat vo makedonija seloto vo koe izrasnav manastir koj nosi mir vodopad sto odzema zdiv 3

Кога пред две години за последен пат бев во Маврово, со друштво најдовме време да го посетиме и Дуфскиот Водопад. Имате слушнато за него, така?

Дента беше прежешко, па кога се најдов пред високата карпа од која паѓаше водата, како да се преродив на еден посебен начин.

Не можам со зборови да го доловам тоа чувство на внатрешна исполнетост и стравопочит што едно човечко суштество може да гo има спрема креациите на Мајка Природа.

mesta koi mi nedostigaat vo makedonija seloto vo koe izrasnav manastir koj nosi mir vodopad sto odzema zdiv 5

Имам посетено многу манастири во животот, и во Македонија и надвор од неа, но таков мир никаде немам почувствувано како во Бигорски манастир.

Уживав да разговарам со монасите кои ми раскажуваа за пронајдените записи кои зборуваат за тоа дека манастирот бил основан од страна на монахот Дебранин, а посветен на Свети Јован Крстител.

Кога доаѓам во Македонија со пријатели од странство, скоро секогаш ги водам тука зашто знам дека оваа свето место знае да стопли однатре.

mesta koi mi nedostigaat vo makedonija seloto vo koe izrasnav manastir koj nosi mir vodopad sto odzema zdiv 4

И така, додека спознавам нови култури и се приспособувам на различни ситуации, овие места секогаш ќе ги носам во себе како еден потсетник за моето минато, за животот што го живеев во Македонија, за прекрасните моменти и потребата одново да се проживее сето тоа.

Со сигурност знам дека не сум единствен кој во носталгични моменти ги затвора очите и се навраќа таму далеку, до местата што засекогаш ќе бидат дел од мене!

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ова е Македонија: Караџица е како сцена од есенска бајка (фото) Караџица периодов е обоена во најубавите есенски тонови и буквално изгледа како ...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
Јовица од Скопје за божиќниот маркет во Виена: „Мириса на цимет и греено вино, личи на бајка од Дизн... „Бев на повеќе божиќни маркети во градот, но најсилен впечаток ми остави Rathaus...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg