Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезоната?
Од лежалките до морето одевме боси, зашто песокот беше млак и совршен за газење по него, а не како среде лето, што е една од предностите кога се летува вон сезона.
Иако плажата е голема, можеби на само 15-20% имаше туристи, а останатиот дел беше празен и прекрасен.
Никој не се туркаше, немаше прегласни туристи, „тепачка“ за лежалки или место каде да се распостели пешкирот.
Истото беше и со лежалките во бич барот. Повеќето беа празни, па иако на истата плажа дојдовме двапати и подоцна, скоро околу пладне, имаше празни места дури и во првиот ред.
Чадори за сонце, се чинеше, дека не ни требаа. Дури и кога сонцето беше во својот зенит, не беше толку силно како среде лето.
Ова, барем за мене, е уште една предност на летувањето доцна, особено што брзо горам, дури и со SPF50, па мора преку ден да сум постојано под чадор, а излегувам да се сончам кога сонцето ќе почне да се спушта и да заоѓа.
Дали добив убава боја? Па да, боја на карамела (не чоколадна како што би сакала), ама, не се жалам.
Слично беше и на градската плажа во Неос Мармарас, во редот полн со локали и бич барови.
Дури и во местата кои ни ги препорачаа како must see, имаше место и голем избор на лежалки.
Летувањето без премногу гужва дефинитивно е уште еден плус. Замислете си - лежите на плажа, а наместо довикување и галама, слушате само музика и звукот на морските бранови.
Совршенство кое нема да го доживеете ни во јули ниту во август.
Уште еден плус е топлината на водата - ми се чини дека во овој дел од годината е потопла отколку во август, кога вообичаено сме оделе на Ситонија (или, само така се погоди годината).
Што се однесува до цените, тие се стандардни како во остатокот од годината - кафе на плажа е 5е (имаше бичбарови каде што со кафето ни носеа и вода), бургерите беа меѓу 8 и 10 евра, гиро меѓу 4,5 и 5,5 евра, клуб сендвич со помфрит беше меѓу 7 и 10 евра.
Дури ни цената на морските специјалитети не е прескапа (иако, цените оваа година во Грција, мислам се повисоки од лани).
Па така, една вечер седнавме во една од познатите таверни со морска храна во Неос Мармарас.
„Јас ќе јадам пилешко. Сакам да порачам октопод или лигњи, ама знам дека пак нема да ми се допадне и ќе треба да го оставам“, рече другар ми Бобо.