Неколку причини зошто да го посетите Бледското Езеро во Словенија
Во средината на езерото е сместена црквата „Успение на Богородица“ каде посетителите често одѕвонуваат со камбаната и се верува дека тоа носи добра среќа. Зошто секој треба да го посети Бледското Езеро?
Љубителите на природните убавини на прв поглед ќе се заљубат во волшебното сино езеро кое изгледа како од бајка, особено со замокот што срамежливо се издига од карпата над него.
Сместено во северозападна Словенија, Бледското Езеро е најпознато туристичко место кое привлекува огромен број посетители од целиот свет.
Интересен е фактот дека пред да биде изградена црквата среде езерото, тука имало храм посветен на Жива, словенска божица на љубовта и плодноста.
Најубавата глетка за туристите се лебедите кои со својата убавина ќе ве освојат од прва, а тие се толку питоми што се подготвени да позираат за вашата фотографија.
По езерото пловат дрвени чамци, кои наводно се рачно изработени и само ја надополнуваат целата убавина која ја нуди ова место.
Доколку го посетите овој мал рај во Словенија, бидете сигурни дека нема да ви биде здодевно бидејќи тука ве очекуваат многу активности.
На островот можете да стигнете со традиционален дрвен чун.
Доколку сакате да уживате во обиколка на островот, може да изнајмите и велосипед.
За оние кои го сакаат адреналинот, може да го доживеат Блед од малку поинаква перспектива - со санкање на суво на патека долга 520 метри.
Станува збор за вид тобоган кој ќе ги воодушеви и децата и возрасните. Тоа е адреналинско искуство за парови, целото семејство или пријателите, бидејќи за време на возењето има импресивен поглед на езерото и околината на Блед.
На островот на Бледското Езеро има 99 скали а тука младенците имаат една интересна традиција. Младоженецот ја носи во раце неговата невеста по овие скали, а таа мора да молчи.
Тука ќе го најдете највкусниот домашен сладолед и крем сирењето кое всушност е и заштитен знак на овој крај.
Во 1918 година, Блед било под власт на Кралството Југославија и стана летно одморалиште на владејачкото семејство Караѓорѓевиќ.
Во 1947 година, Јосип Броз Тито изградил неговата резиденција токму на ова место, а од фотките е повеќе од јасно зошто ја избрал оваа дестинација.
В. К. | Црнобело