Неа Флогита - идилично селце на Халкидики со прекрасна песочна плажа, на само 65km од Солун
Плажата со златен песок е долга колку што ви држи погледот. На брегот има многу лежалки и чадори, кафулиња и таверни со традиционална храна или морска храна – по нешто за сечиј вкус. Водата е бистра и тиркизна и најчесто мирна преку ден.
Едно од омилените места за летување на Македонците во Грција е првиот крак Халкидики и малите живописни гратчиња и селца со прекрасни плажи и интересен ноќен живот. А меѓу нив, секако е Неа Флогита, на 65km од Солун и само 6km од Неа Мудања и истоимената плажа која се протега по целата должина на селцето.
Поради близината до Солун и другите одморалишта на Халкидики, Неа Флогита е полна со туристи во текот на летото. Преку зима, пак, тука живеат само околу 1.500 луѓе.
Се наоѓа помеѓу Неа Мудања и Неа Плагија и се смета за една од најчистите и најубави дестинации за пливање. До неа се доаѓа лесно и брзо со автомобил, па затоа привлекува многу туристи.
Покрај самата плажа има засадено околу 600 палми, кои го разубавуваат крајбрежјето и шеталиштето во Неа Флогита.
Плажата со златен песок е долга колку што ви држи погледот.
На брегот има многу лежалки и чадори, кафулиња и таверни со традиционална храна, месо или таверни за морска храна – по нешто за сечиј вкус.
За оние што не сакаат да се на лежалка, постојат и делови од плажата каде што самите може да постават пешкир и сопствен чадор за сонце или да се скријат под дрвјата, кои даваат убава сенка.
Водата е бистра и тиркизна, најчесто мирна преку ден. Во овој регион брановите се поретки, водата е плитка и затоа тука летуваат многу семејства со мали деца.
Но, Неа Флогита е погодна и за луѓе кои патуваат сами, за љубителите на опуштени и мирни одмори, но и за повозрасни лица.
Покрај пливање и сончање, можете да организирате и други активности, па да изнајмите педалинка, морски кајак или опрема за сурфање.
Селцето Неа Флогита е основано во 1923 година, кога тука се населиле бегалци од Кападокија, Турција. Изградено е на рид кој гледа на Термаикосовиот Залив. Денес таму живеат околу 1500 жители.
А. Ј. | Црнобело