Идејата е да облечете чевли што воопшто не би ги носеле со аутфитот што сте го избрале. Чизми со елегантен фустан, апостолки и елегантни панталони или, пак, во случајот на Сара Џесика Паркер – чевли во различна боја. На овој начин ќе успеете да оставите поголем впечаток и да бидете забележани.