Златко Јовановски за новата колекција: „Сошивме венчаница со 38.000 рачно везени кристали за 11 дена“

„Горд сум на нашето ремек-дело, венчаницата со која се надминавме себеси - работевме 5 луѓе, на неа се ставени 22.000 кристали, 16.000 помали кристали и безброј бисери и мониста. Сите се рачно шиени, еден по еден во тек на 11 дена, а кога само еден човек би ја работел, би потрошил околу 440 часа“, вели нашиот дизајнер.

zlatko-jovanovski-ima-nova-kolekcija-soshivme-venchanica-so-22-000-rachno-vezeni-kristali-ja-rabotevme-11-dena-01.jpg

Модниот дизајнер Златко Јовановски и официјално ја претстави својата нова колекција Pure, која е составена претежно од венчаници, но и по некој свечен фустан.

Колекцијата беше првично промовирана во ноември 2023, на Саемот за венчаници во Измир, кој е еден од најголемите од овој тип во светот.

Колекцијата од 10 парчиња вклучува венчаници и фустани за специјални пригоди, а сите креации се надополнети со вез од мониста, стакла, бисери и камења.

zlatko-jovanovski-ima-nova-kolekcija-soshivme-venchanica-so-22-000-rachno-vezeni-kristali-ja-rabotevme-11-dena-02.jpg

За својата нова колекција, Златко вели:

„Јас како дизајнер сум посебно горд на нашето ремек-дело, венчаницата која што е направена со посебно внимание и ја направивме само за да се надминеме себеси и сè она што досега го имаме направено.

На таа венчаница работевме 5 луѓе, на истата се ставени 22.000 кристали, 16.000 помали кристали и безброј бисери и мониста. Сите овие детали се рачно шиени, еден по еден.

Вкупно потрошивме 11 работни дена, односно кога само еден човек би ја работел оваа венчаница би потрошил околу 440 часа. Венчаницата е долга 3 метри, широка е 5 и пол метри и тежи 18 килограми.

zlatko-jovanovski-ima-nova-kolekcija-soshivme-venchanica-so-22-000-rachno-vezeni-kristali-ja-rabotevme-11-dena-03.jpg

Самата фотосесија ја визуелизирав како чиста и темна позадина за да дојдат во примарен план креациите и деталите. За да биде магијата потполна, знаев дека сакам заштитно лице на колекцијата да биде Ориола Мараши, една од најуспешните модели во светот, која воедно и е заштитно лице на брендот Guess.

Преку наши заеднички пријатели дојдов до контакт со неа и морам да кажам дека договарањето и организацијата беа многу брзи и професионални. А јас сум презадоволен од крајниот резултат.“

zlatko-jovanovski-ima-nova-kolekcija-soshivme-venchanica-so-22-000-rachno-vezeni-kristali-ja-rabotevme-11-dena-01_1.jpg

zlatko-jovanovski-ima-nova-kolekcija-soshivme-venchanica-so-22-000-rachno-vezeni-kristali-ja-rabotevme-11-dena-05.jpg

Повеќе фотографии од колекцијата погледнете во галеријата:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Златко Јовановски издоминира со круна на Модната недела во Париз: „Имав 5 креации, сите со рачно вез... „Ќе ви кажам една тајна - колекцијата требаше да брои 10 креации, но времето нè ...
5 модни совети од Роберто Кавали за мажи и жени + најпознатите цитати од него Славниот италијански дизајнер, Роберто Кавали, кој го воведе животинскиот принт ...
16 невести кои носат необични фустани, наместо класични бели венчаници Црни венчаници, фустани со златни светки во комбинација со патики, црвени секси ...
Проѕирен фустан, перика: Модни изданија од црвениот тепих кои ѕвездите би сакале да ги заборават Од Никол Кидман, преку Ријана до Зендеја - дури и славните кои се „кралици на цр...
Жена од Босна докажува дека „облеката го прави човекот“ со пред vs. потоа споредби од себе „Ми кажаа дека нема потреба да се менувам, но јас се прашав себеси дали треба и ...
Цеца во креација од нашата Моника Димова: „Ме побараа пред неколку месеци, заедно го избравме модело... „Според желбите на Цеца, заедно дојдовме до идеја дека најдобриот избор ќе биде ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg