Жена од Босна докажува дека „облеката го прави човекот“ со пред vs. потоа споредби од себе
„Ми кажаа дека нема потреба да се менувам, но јас се прашав себеси дали треба и се послушав“, вели Ивана Богиќ која ослабела, го променила модниот стил, а сега дури и дели совети за совршени деловни модни комбинации.
Ивана Богиќ живее во мал град во Босна и Херцеговина и го води Инстаграм профилот „TheCorporateFox“, каде споделува трикови за одличен деловен моден стил, но и прави споредби како изгледала некогаш кога не се грижела за себе и својот моден стил vs. како изгледа откако почнала да го прави тоа.
Таа открива дека вложува многу време во правењето на комбинации, но дека тоа ѝ го разубавело животот бидејќи ѝ се подобрила самодовербата.
Дел од нејзините мотивациски фрази се:
„Поминав години обидувајќи се да станам некој друг, сè додека конечно не станав тоа што сум“.
„Сјаеш поинаку, кога тоа доаѓа однатре“.
„Ми кажаа дека нема потреба да се менувам, но јас се прашав себеси дали треба и се послушав“.
„Некогаш бев само сенка, денес живеам живот со најсилни бои“.
Погледнете како изгледала некогаш:
Како изгледа денес:
Кликнете на видеата некогаш vs. сега:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





