Делува вулгарно и непрофесионално - летна гардероба која не е добар избор за на работа
Парчиња гардероба, кои се апсолутен хит во текот на летото, но никако не се погодни за на работа.
Летната канцелариска гардероба не е лесно да се избере и најде.
Кога термометарот ќе се искачи над 30 степени, тешко е да облече нешто друго освен бикини, кроп топови и лелеави фустани.
Меѓутоа, оние кои треба да одат на работа во канцеларија едноставно го немаат тој луксуз.
Дури и ако вашата компанија нема строг кодекс на облекување, постојат некои општо прифатени правила.
Доколку се одлучите да ги прекршите овие правила, бидете подготвени: нивното почитување или непочитување директно ќе влијае на тоа како вашите колеги (и шефови) ќе гледаат на вас.
Неколку парчиња летна гардероба кои делуваат несериозно и вулгарно ако се облечат на работно место:
Шорцеви
Кратките шорцеви најдобро е да се облекуваат на ноќни забави или на плажа.
Мини должините генерално не се сметаат за соодветни за во канцеларија.
Исто така се и непрактични кога седнувате на столче, бидејќи постојано ќе се трудите да не се покаже нешто што не треба.
Кроп-топ
При изборот на летна облека за на работа, кажете големо НЕ на кроп-топовите и сите маички со должина над папокот.
Откриениот стомак и кратките маички оставаат впечаток на непрофесионалност.
Проѕирна гардероба
Проѕирните парчиња облека изгледаат добро само на плажа и на забава.
Во канцеларија ќе се чувствувате неудобно во ваква облека.
Влечки
Ако навистина сакате удобност за време на летниот период, тогаш можете да оберете сандали.
Влечките се повеќе за прошетка и плажа.
Кратки и разголени фустани
Како што споменавме погоре, мини должината не е погодна за канцеларија. Истото важи и за длабоките деколтеа.
Најдобар избор за на работа се фустаните и здолништата под колена со умерено затворено деколте.
С. Ш. | Црнобело / фото: Pinterest
Би можело да ве интересира:





